5 црни парчиња кои секоја девојка треба да ги има во плакарот

Иако оваа сезона ги обожаваме парчињата во живи бои, шарените пантолони и дречливите штикли, некои класични црни парчиња едноставно е невозможно да ги изоставиме, кога е безвременоста во прашање.

crni_parchinja

1. Добро црно боди
Со долги ракави или без нив, не е важно, важно е само совршено да ви прилега и под него без проблем да можете да носите градник. Црното боди е вистински спас бидејќи во комбинација со било која сукња ќе изгледа како нов коктел фустан, со пантолони со висок струк како комбинезон, со блејзер супер елегантно, а со проѕирна кошула или фустан ќе ве спаси од вистинско модно фијаско…

hitportal-bodi-819x1024

2. Црн блејзер
Можеш да го носиш на се и во сите прилики, а за само неколку секунди со добар накит може да се претвори во вистинска елегантна комбинација.

tumblr_m0i45f9b6t1qhft38

3. Црна сукња
Секоја девојка во својот плакар треба да има барем една добра црна сукња. Важно е само совршено да ви прилега и да не е прекратка. Препорачуваме класична „молив“ сукња до колена, која може да се носи со класични кошули, маички и разнобојни корсети.

hayden-panettiere-white-top-black-pencil-skirt-look

4. Малиот црн фустан
За малиот црн фустан е кажано надолго и нашироко, па веќе знаеме дека е задолжително парче во плакарот на секоја жена. Кога треба да изгледаме елегантно и префинето, тоа е секогаш вистинскиот избор.

tumblr_lvuasvIkfI1qml2eio1_500

5. Црни салонки
Ногата најдобро изгледа во секси пар на штикли, па препорачуваме да не се штеди на нив. Класиката е вечна, па такви се и затворените црни салонки со тенка потпетица.

tumblr_mra1gg9qS01qbd6qwo1_500