5 намирници за рамен стомак ова лето

Редовните вежби и правилно одбраните намирници се најдобрата комбинација, посебно за намалување на обемот на струкот.

dieta_namirnici

Постои причина зошто се вели дека стомачните доаѓаат од кујната.

Павлака

Павлаката содржи пробиотици кои помагаат во варењето на храната и ја спречуваат надуеноста. Освен тоа, павлаката е полна со протеини и лесна е за комбинирање со овошје и житарки за појадок. Минималниот број на калории е уште една голема предност.

Домат

Доматот содржи чудесна комбинација од вода и калиум која е идеална за исфрлање на вишокот соли и вода од организмот. Големата количина на влакна и малиот број на калории се уште една добра причина зошто денес треба да си подготвите салата од домати.

Авокадо

На бројните благодети на авокадото им нема крај. Богато е со витамини и минерали, содржи здрави масни киселини кои помагаат во борбата со лош холестерол и го спречува таложењето на маснотии.

Киноа

Релативно непознат плод во нашите краеви, со потекло од Јужна Америка. Киноата е посебно добра за луѓето кои не поднесуваат глутен. Може да ви послужи како добар диетален додаток и богат извор на енергија.

Јајца

Еден од најевтините и најдобри извори на протеини. Едно тврдо варено јајце содржи 60 до 70 калории, а заради големото количество на протеини долго ќе ве задржи сити.