ЕУ ги дефинираше начелата за договорот со Турција, следат преговори за деталите

Челниците на Европската унија ги договорила на состанокот во рамките на самитот ЕУ-Турција во Брисел ноќта кон вторникот начелата од заедничкиот договор за управување со мигрантската криза и го задолжија претседателот на Европската комисија Доланд Туск следните десет дена да преговара за поединостите со Турција за да се дефинира поконкретен договор.

Image

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу претходно за време на работниот ручек во понеделникот предложи конкретен предлог од дополнителни три милијарди евра до 2018 година, покрај оние кои ЕУ ги вети на самитот ланскиот ноември, укинување на визите до крајот на јуни годинава за турските државјани, забрзување на пристапните преговори за членство во ЕУ и договор за враќање на мигрантите од Грција во Турција за врз основа на формулата „за еден Сириец кој со реадмисија е вратен од грчките острови во Турција, еден Сириец ќе биде релоциран“ директно од Турција во земја на ЕУ.

Европските челници кои не можеа до доцна во ноќта да се договорат за конкретни цели, па договорија заедничка рамка и му дадоа можност на Европската комисија Доланд Туск во следните десет дена да преговара со Турција кога треба да се конкретизираат некои работи.

Во заедничката изјава којашто ја прифатија челниците на 28-те земји членки на Европската унија, откако претходно се противеа германската канцеларка Ангела Меркел и претседателот на Европската комисија Жан-Клоид Јункер кои не се согласуваа со предлог декларацијата на челниците на Европската унија да биде вметната реченицата дека ткн „западнобалканската (бегалска) рута е затворена“, сега е наведува дека „нерегуларниот тек на мигрантите по должината на западнобалканската рута сега е завршен“.

Меркел изјави дека турската понуда да ги прифати илегалните мигранти, претставува можност за напредок во решавањето на мигрантската криза. Додаде дека челниците на ЕУ дале начелна поддршка за предлогот на Давутоглу, но де е потребно уште да се работи за да се дојде до конечен договор.

Во заедничката изјава на челниците на ЕУ се вели дека претседателот на Европскиот суд Доналд Туск врз основа на договорените принципи ќе работи на деталите со турската страна до следниот самит на ЕУ кој ќе се одржи на 17-ти и 18-ти март. Во изјавата, исто така, се вели дека ЕУ ќе ѝ помогне на Грција да се справи со големиот прилив бегалци и ќе обезбеди „ефикасен одговор на многу тешката хуманитарна ситуација на теренот“, Се вели и дека на Грција треба да ѝ се осигури помош во управувањето со надворешните граници, вклучително и со границата со Македонија каде за премин чекаат околу 13.000 мигранти.