Македонија ќе биде една од главните точки на Советот на ЕУ во понеделник

Mинистрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ, по предлог на Германија и Велика Британија во понеделник ќе расправаат и дадат препорака во вид на заклучок за ситуацијата во Македонија.

 Image (11)

Последната седница на Советот за надворешни работи на ЕУ, пред Самитот на Европскиот совет, ќе се одржи на 20-ти јуни, а расправата за состојбата во Македонија е ставена како главна точка.

Во вторникот и официјално беше одложен Самитот на Европскиот совет, кој наместо во четврток и петок (23 и 24 јуни) како и секогаш, сега ќе се одржи на 28 и 29 јуни (вторник и среда) во Брисел, поради тоа што идната недела се одржува референдумот за излез на Обединетото Кралство од Европската унија, па шефовите на држави и влади на ЕУ-земјите ќе го чекаат исходот од него пред да се сретнат.

Шефовите на дипломатиите на земјите членки на ЕУ ќе расправаат за Македонија како централна точка на Советот, покрај дискусијата за мировниот процес на Блискиот Исток, состојбата во Сахел, интегрираната ЕУ-политика за Арктикот и тренинг-мисијата за безбедносните сили во Либија.

макфакс