Дождот во Кина ја одложи првата битка Мурињо – Гвардиола

Жозе Мурињо и Пеп Гвардиола ќе мораат да почекаат за својот прв меѓусебен дуел откако пресметката што денеска требаше да се одржи во Пекинг е одложена поради обилните дождови кои во изминатите 24 часа паѓаа во главниот град на Кина.

murinjo-kina-615x400

Мурињо уште во текот на вчерашниот ден се пожали на очајната состојба на стадионот „Птичје гнездо“ во Пекинг изјавувајќи дека стравува да не дојде до повреда на некој од фудбалерите, а организаторите најавија дека на проблематичните места ќе биде ставена нова подлога. Сепак, обилните дождови целосно ги променија плановите, па откако двајцата тренери инсистираа да бидат обезбедени нормални услови за игра, а тоа се покажа невозможно, натпреварот утрово и официјално беше откажан.

„Поради лошите метеоролоши услови, организаторите на турнирот и двата клуба решија да ја откажат денешната средба од Интернационалниот Куп на Шампиони“ – кратко објави Манчестер јунајтед.

превземено од ekipa.mk