Германската полиција успеала да спречи терористички напад кој бил планиран за стартот на новата сезона во Бундес-лигата. Уапсено е 24-годишно момче за кое се сомнева дека е член на ИСИС и дека планирал напад на стадион за време на премиерното коло од новата сезона во германскиот фудбалски шампионат.
Полицијата успеала да добие информации од анонимен затвореник од Гелзенкирхен.
„Можеме само да потврдиме дека е разбиена терористичка ќелија која планирала напад на стартот на Бундес-лигата, но ние тоа го спречивме“,изјавија од Министерството за внатрешни работи на Германија.