Азар, Матиќ, Коста, Оскар ги бројат последните денови во Челзи?

 

Неколкумина играчи би можеле да си заминат од Челзи во јануарскиот преоден рок, пренесуваат англиските медиуми.

chelzi

Катастрофалните изданија од почетокот на сезоната, поради кои Челзи се наоѓа на 16-то место на табелата со скромни 12 бодови, ќе бидат причината менаџерот Мурињо уште во јануари да започне со реконструкција на тимот.

Први кои ќе заминат од „Стенфорд Бриџ“ ќе бидат Матиќ, Азар, Диего Коста и Оскар, фудбалери кои минатата сезона беа носители на играта. за сиве овие играчи веќе постои интерес на неколку големи европски тимови, Азар се поврзува со мадридски Реал, Оскар со Јувентус.

Со парите кои ќе ги добие од трансферите на овие играчи Мурињо би купил тројца играчи од светска класа.

макфакс