Германската полиција се судри со левичарски активисти на собир на десницата

 Германската полиција употреби водени топови и солзавец за да ги растера маскираните левичарски активист кои фрлаа камења и шишиња во Лајпциг додека одржува контрапротест на манифестацијата на десничарските демонстранти.

Image
Околу илјада левичарски демонстранти палеа канти за ѓубре и поставија дрвени барикади за да го спречат собирот на околу двесте приврзаници на крајно десно групи во Судворштад и Коневиц во Лајпциг, пренесуваат агенциите.

Полицијата ангажирала околу 800 припадници за да направи бариера меѓу двете групи демонстранти, но била нападната од левичарката толпа, пренесе Reuters, повикувајќи се на полициското соопштение. Се наведува дека биле проведени неколку лица, а уште неколку биле повредени.

Источните германски градови Лајпциг и Дрезден се епицентарот на серијата протести против доселениците и против мигрантскта политика на канцеларката Ангела Меркел на отворени врати. Меѓутоа, не е наведено дали саботниот десничарски собир бил против азилантските политики.