Понекогаш треба да направите мала промена и да се осмелите за нешто поинаков стил. Затоа не треба да го промените целиот ормар, туку да отстапите од застарените комбинации.

Еве неколку предлози:
Отменото сако можете да го носите со салонки, но зошто барем еднаш не би го носеле со патики? Верувајте дека и оваа комбинација може да изгледа одлично.
Понекогаш тајната е во шеширот. Едноставен стајлинг, а сепак многу оригинален – само поради шеширот.
Денот е за фармерки, кошула и сако? Епа, денес само префрлете го преку рамената. Баш елегантно!
Понекогаш е доволно да се облече нешто едноставно – црн комбилизом. Можете да ставите некоја алка или друг впечатлив детал. Сосема доволно.
Едноставен, но квалитетен капут навистина може да биде главна ѕвезда оваа зима. Размислете на тоа кога ќе купувате нов.
Добро е да имате едно дречливо парче од време на време. Сакате да бидете во добра волја и да привлечете внимание каде и да се појавите? Ова е одлично решение!
Едноставни панталони, едноставна маица, а потоа – откачени чевли кои паѓаат во очи. Токму такви ви се потребни!
Дали веќе сте се увериле што марамата околу вратот може да и направи на вашата комбинација? Уште ако во својата колекција можете да додадете една од вистинска свила – одлично!