Списокот на тоа што мажите сакаат да прават, без разлика дали тоа некому му смета, е огромен! Тешко е да се изброи се она што жените би сакале нивните партнери да престанат да правар, но ова се само некои од нивните валкани навики.
Занемарување на деталите
-Мажот ги повикал пријателите да ги извести дека добил дете. Во истиот момент е заборавено како ќе се вика детето, колку е тешко, големо, како е жената… Мажите го запаметиле полот и местото каде треба да се најдат за да прослават.
Не разбираат кога нешто не е во ред
-Кога ќе кажеме „нешто не е во ред“, всушност мислиме дека имаме толку многу на ум што нема доволно време да објасниме што ни е.
Секс како лек за се
-Жената само што ја загубила работата и дознала дека мајка и е во болница. Без разлика на се, мажот го поставува прашањето: Дали си расположена за секс?
Вашата мајка е светица
-Покрај тоа што не е. Ни одблизу. Светицата би можела да ве научи да го спуштате капакот од ВЦ-шољата.
Чешање на „онаа“ работа во јавност
-За мажите тоа е „местење“, за жените е грозно.
Оставање на валканите работи по куќата
-Наоѓаме валкани чорапи блиски до корпата за валкана облека, на корпата, надвор од корпата, ретко или скоро никогаш во неа.
Опседнатост со гради
-Тоа се само гради. Знаете кој уште ги има? Вашата мајка.
Мислите дека сте подобар возач од жена
-Тоа што гледате Формула 1 не занчи дека сте подобар возач.
Еден час во тоалет
-Всушност и не сте морале да одите во тоалет, бидејќи во спротивно би биле готови пред 55 минути.
Неспособност за мултитаскинг
-Ние готвиме, чистиме, проверуваме домашни задачи и воспитуваме деца во исто време, додека вам ви е тешко да одговорите на едно единствено прашање додека гледате ТВ.
Празни садови во фрижидер
-Сте го завршиле остатокот од вечерата и празниот сад сте го вратиле во фрижидер затоа што….?