Три здрави навики за подобар секс

Сексуалното здравје е поврзано со општата здравствена слика, па и секоја здрава навика е добра за сексуалниот нагон.

ex_sex_1b57h6r-1b57h7h

Особено ако следниве три навики станат дел од вашиот стил на живеење вашето либидо ќе процвета.

Многу вежбање
Циркулацијата игра клучна улога во сексуалниот нагон. Физичките вежби го зголемуваат протокот на крв, што е особено важно со оглед на тоа што предуслов за секс е доток на крв во гениталиите. Вежбањето го зголемува и лачењето на ендорфин, што генерално го подобрува расположението и ја зголемува енергијата. А физичките вежби секако го подобруваат изгледот и прават да се чувствувате посекси.

Здрава храна
Артериите запушени со заситени масти не дозволуваат големо количество крв да стигне до гениталиите. Прекумерната тежина го нарушува и хормоналниот баланс меѓу естрогенот и тестостеронот. Здравата и разновидна храна е важна во секој поглед, ако на пример имате недостиг од железо постојано ќе чувствувате умор и нема да бидете расположени за секс.

Совладување на стресот
Патувајте колку почесто можете и што поотворено и подобро комуницирајте со својот партнер. Ако премногу работите и постојано сте под притисок тие проблеми ќе ги носите и во кревет каде секоја грижа може да го изеде сексуалното задоволство. Опуштете се!