Brexit: Најголемиот удар за обединувањето на Европа

 

Велика Британија гласаше за референдумот во четвртокот со 51,9 отсто гласаше за излегување од Европската унија, додека 48,1 отсто беа за останување, со што тргна во неизвесен пат нанесувајќи го досега најтешкиот удар на обединувањето на Европа.
Image (3)Британската паднал повеќе од 9 отсто во однос на американскиот долар, на најниското ниво во последните три децении, поради стравовите на пазарите дека оваа одлука на британските избирачи ќе се одрази врз вложувањата во петтата според обемот светска економија.

Еврото, пак, падна за околу 3,5 отсто во однос на доларот поради загриженоста дека Brexit ќе нанесе поширока економска и политичка штета во сега 27-члената ЕУ. Вложувачите, ги повлекуваа имотите во ткн сигурни оази, вклучувајќи ги златото, додека јапонскиот јен скокна,

Ваквиот резултат значи дека барем следните две години ќе има комплицираното раздружување од ЕУ, доведена улогата на Лондон како глобална финансиска престолнина, а премиерот Дејвид Камерон под притисок да ја поднесе оставката, иако во текот на кампањата вети дека ќе остане на чело на владата независно од резултатите.

Меѓу британските европскептичари завладеа еуфорија. Истакнуваат дека нивната победа е протест против британските политички челници, големите компании и странските челници, вклучително американскиот претседател Барак Обама која ја повикуваше Велика Британија да остане во ЕУ.

„Сега се осмелувам да ја сонувам муграта која се раѓа над независното Обединето Кралство. Доколку бидат потврдени предвидувања, тоа ќе биде победа на вистинските луѓе, на обичните луѓе. Го сторивме тоа за целата Европа. Се надевам дека оваа победа ќе го урне овој неуспешен проект и ќе нé одведен во Европа на суверени држави. Да го отфрлиме европското знаме, Брисел и се што пропадна. Нека 23-ти јуни биде денот на нашата независност“, изјави Најџел Фраж, соосновач на Партијата за независност на Обединетото Кралство (UKIP), којашто од својот почеток од 1993 година се зазема за излегувањето од ЕУ.  Тој пред одушевените поддржувачи го повика премиерот Дејвид Камерон да си поднесе оставка.

Сега е загрозен и самиот опстанок на Обединетото Кралство, имајќи предвид дека Шкотска гласала за останување во ЕУ и веројатно ќе бара нов референдум за независност кој во 2014 година го отфрли. За останување во ЕУ гласаше и Северна Ирска. Шкотската премиерка Никола Стрџеон изјави дека резултатот од гласањето „јасно покажува дека шкотскиот народ ја гледа својата иднина како дел од Европската унија“.

Излегувањето од ЕУ би можело да ја чини Велика Британија пристап до заедничкиот европски пазар, и значи дека ќе мора да склучува нови трговски договори со земјите ширум светот. Американскиот претседател Барак Обама најави пред референдумот дека Британија ќе биде „на опашката“ за склучување договори со САД.

Европската унија поради ова ќе биде економски и политички послаба, бидејќи го губи не само најгласниот поборник на слободниот пазар и потпишувањето на договорот за партнерство со САД, туку и членка на Советот за безбедност при Обединетите нации со право на вето и силна армија во рамките на НАТО. ЕУ наеднаш ќе загуби речиси шестина од својот бруто домашен производ (БДП).

Камерон во рок од неколку дена би требало формално да ги извести европските партнери за резултатите од референдумот и да се подготви за преговори за првото излегување на некоја членка од ЕУ, за што веќе предупреди дека ќе биде неповратен процес. Камерон референдумот го предложи во 2013 година, и тој првично требаше да се одржи во текот на следната 2017 година, за да го намали притисокот на евроскептиците, вклучително и во својата Конзервативна партија. Ваквиот исход од референдумот, меѓутоа, ја доведува во прашање сега неговата аполитичка иднина.

Се очекува дек Борис Џонсон, поранешниот градоначалник на Лондон, кој стана најпрепознатливото лица на кампањата за излегување од ЕУ, сега ќе се обиде да дојде до позицијата на Камерон.

Јавното мнение во текот на кампањата се движеше ту на едната, ту на другата страна. Поборниците на останувањето минатата седмица дојдоа во водство по бруталното убиство на младата лабуристичка пратеничка Џо Кокс, застапничка на останувањето во ЕУ. Меѓутоа, на крајот сепак не успеаја да го запрат бранот чувства проти естаблишментот и разочарувањето од Европа која многу Британци ја чувствуваат далечна, бирократизирана и оптоварена со постојани кризи.

Велика Британија, која влезе во тогашната Европска економска заедница (ЕЕЗ) во 1973 година отсекогаш беше подвоена членка. Лондон, како голем поборник на слободната трговија, уривањето на внатрешните економски бариери и ширењето на  ЕУ на поранешните комунистички земји од источна Европа заради намалувањето на сферата на руското влијание, сепак, одлучи дека нема да го воведува еврото, ниту дека ќе влезе во безвизната Шенгенска зона.

Владејачките Конзервативци на Камерон особено ризикуваа партиски раскол со постепеното јакнење на евроскептицизмот, откако разликите околу Европа доведоа до падот на поранешната премиерка Маргарет Тачер во 1990-те.

Светските челници, вклучително и американскиот и кинескиот претседатели Барак Обама и Кси Џинпинг, германската канцеларка Ангела Меркел, челниците на НАТО и владите на земјите од Комонвелтот ги повикуваа Британците да останат во ЕУ, истакнувајќи дека земјата би била посилна и повлијателна во ЕУ отколку надвор.

Меѓутоа, четиримесечната кампања длабоко ја подели земјата. Двете страни се обвинуваа дека лажат и дека ги заплашуваат луѓето, а кавгите околу имиграцијата прераснаа во отворен расизам. Отвори, исто така, и подлабоки поделби во британското општество. Поборниците на излегувањето ја привлекоа поддршката на милионите гласачи коишто глобализацијата ги остави на маргините од општеството и кои не гледаат никаква полза од британската етничка разноличности и слободната пазарна економија. Стравовите од неконтролираната имиграција, губењето на суверенитетот, владеењето од далечниот Брисел и протесниот глас на работничката класа од северот на Англија, се чини, надвладеаја над речиси едногласните предупредувања на економските непријатности кои ги очекуваат доколку се одлучат за самостојноста.

„Луѓето се загрижени поради тоа како минаа со политиките на штедење и поради тоа што платите им се замрзнати речиси седум години. На површината искочија многу незадоволства и мораме да ги слушаме“, изјави Џон МекДонел, портпарол за финансии на опозициската Лабуристичка партија, која го поддржуваше останувањето во ЕУ.

Испитувањата на јавното мнение ширум ЕУ покажаа со години наназад јакнење на разочарувањето од европските интеграции, проектот започнат во 1950-те години, како заеднички пазар на јагленот и челикот, но со годините им понуди можност на членките да воведат заедничка валута и да ги укинат старите национални граници. Меѓутоа, иако стана дел од секојдневниот живот, видлив од студентските размени до правилата во раомингот, ЕУ ја загуби поддршката во јавноста поради пристапот кон должничката криза од 2008/2009 година кога ги наметна болните штедења за повеќето јужни членки, а многу граѓани од северот останаа огорчени бидејќи мораат да го финансираат нивното спасување. Десните британски евроскептици, така, ја искористија кризата во еврозоната за да докажат дека Британија е „врзана за труп“.

Освен дански Гренланд, кои излезе од Европската економска заедница (ЕЕЗ) во 1985 година, по спорот околу правото за риболов, Велика Британија е првата земја која излегува од ЕУ и дури и европските челници велат дека со тоа Унијата тргнала по непознат пат.

Редовниот самит на ЕУ е се одржи следните вторник и среда, кога Камерон би можел да го активира членот 50 од Лисабонскиот договор, правната основа за излегување од ЕУ, што ќе биде знак за почетокот на двете години преговори за раздружувањето.

Уште поголема непозната е какви односи Велика Британија ќе договори со ЕУ кога веќе ќе излезе од неа. За да го9 здржи пристапот до заедничкиот пазар, клучен за нејзиниот гигантски финансиски сектор, ќе мора да ги усвои сите европски закони, а нема да има право на глас во нивното обликување и ќе мора да уплатува значителен износ во европската каса, како и Норвешка и Швајцарија.

Европските функционери рекоа дека банките и финансиските институции кои се базирани во Велика Британија, ќе го загубат автоматското право да продаваат услуги во Европа, доколку Британија не ги почитува основните европски принципи на слободното движење на стоките, капиталот, услугите и луѓето. Покрај трговијата, не се знае што ќе се случува со милионите Британци кои живеат низ ЕУ и уживаат пристап до здравствената заштита и други погодности што ги дава членството, како ниту со двата милиона европски жители кои живеат и работат на Островот.

Франција и Германија нема да бидат наклонети да ѝ го олеснат животот за да не ги охрабрат евроскептиците во другите држави членки, и тие да организираат референдуми. Францускиот министер за економија Емануел Макрон предупреди дека „кога се надвор, надвор сте“, истакнувајќи дека Велика Британија не може да очекува да има повластен третман. Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле изнесе слични предупредувања. Двете земја, чиешто болно повоено помирување ги создаде темелите за идната Европска унија, имаат и сопствени доста активни антиевропски партии.