За сите љубители на чоколадните благи, ова е вистинскиот десерт :-) Еве како да го направите.
Потребни состојки:
- 2 јајца
- 4 лажици брашно
- 2 лажици шеќер
- 50 мл млеко
- 1 лажица путер
- 100 грама чоколадо
- 1 прашок за пециво
- ореви по желба (мелени)
Начин на готвење:
Пред да почнете со подготовка на смесата за мафини потребно е да ја загреете рерната на температура од 180 степени.
Додека во еден сад ги матите јајцата и шеќерот, во друг сад на тивок оган ставете ги млекото, путерот и чоколадото да се растопат. Потребни се неколку минути. Потоа оставете да се олади смесата.
Откако ќе завршите со матење, додадете ја оладената смеса, брашнoто, прашокот за пециво, оревите и миксирајте додека да се соединат сите состојки.
На крај наполнете го калапот за мафини во кој претходно имате ставено хартиени кошнички со смесата и оставете да се печат околу 20 минути.
Откако ќе се испечат декорирајте ги по желба (чоколаден прелив, шеќер во прав, ореви).
Од оваа смеса излегуваат 6 мафини.
Рецептот е превземен од www.gotvi.mk.
Линк до оригиналниот текст.