Дневен хороскоп – 09.02.2016

zodiac-signs02

Овен 

Решавате многу важни деловни задачи кои долго време сте ги посакувале. Имате големи планови во врска со работата поради која би морале често да патувате. Плановите кои ги имате со партнерот се реални. Можна е минлива несвестица.

Бик 

Ќе успеете да најдете заеднички јазик со еден соработник. Ќе ви дојде потребната сила и енергија за постигнување на успеси. Од партнерот очекувате премногу, поради тоа лошо се чувствувате. Можно е да се појават проблеми со работата на срцето.

Близнаци 

Уживате во претстојните предизвици. Една личност врши притисок на вас во врска со враќањето на долговите. Можна е романса на работа со личност која површно ја познавате. Поведете повеќе сметка за својата крвна лика. Не се чувствувате баш најдобро.

Рак 

Пријатен ден во кој прекрасно се чувствувате и заборавате на се со што сте опкружени. Дружење со некој друг Рак дополнително ќе ве олабави. Тој постојано ве прогонува, така што нема да можете да се ослободите од него. Внимавајте на слатките, намалете ги.

Лав 

Добивате подароци и уживате во нечие внимание. Сето тоа ви помага да заборавите на актуелните проблеми. Бидете подготвени за промена на околината. Жртвувајте се, ништо нема да постигнете без труд. На емотивен план, без осцилации.

Девица 

Се чувствувате убаво, но сакате таа состојба да ја поделите со другите. Со партнерот ги делите само убавите моменти, но имате време и за пријателите. Свесни сте колку ги имате и не можете се да постигнете. Очекувате многу од овој ден.

Вага 

Пријатните случувања влијаат на ослободувањето на напнатоста и заборавањето на проблемите. Доаѓате до сознание дека сте се нервирале беспотребно и сакате да се промените. Оваа состојба нема долго да ве држи, уживајте додека можете.

Скорпија

Работите не одат онака како што сте испланирале. На момент заборавете на неуспехот и препуштете им се на ситните радости. Партнерот ви е многу важен, но мора да бидете и многу трпеливи. Насочете се кон пријателите и рекреирајте се.

Стрелец 

Постојано некаде брзате, но тоа не ви пречи, бидејќи сте во добра форма. Финансиската ситуација се подобрува, па затоа и размислувате за некое патување. Партнерот повремено ве излудува, а и вие него. Наскоро следува промена на квалитетот на врската и тоа на подобро.

Јарец 

Ви се случуваат убави работи, имате многу среќа. Малку припадници на знакот се жалат дека се оптоварени. Потрудете се да бидете и понатаму истрајни, особено кога станува збор за партнерот. Деновиве ќе решите важни проблеми.

Водолија 

Пријатен и неконвенционален ден е пред вас. Чувствувате потреба да се дружите и да учествувате во некои важни случувања. Се ви изгледа едноставно. Доколку ви се укаже прилика да отпатувате, тоа ќе биде пред се заради лично задоволство.

Риби 

Постигнувате многу, но потрудете се пред да тргнете во некоја акција добро да ги процените сопствените можности. Имате многу пријатели на кои можете да се потпрете. Некој близок тотално ве излудува, не давајте се, намалете ги нервозите.