Овен
Ве очекуваат проблеми во областа на кариерата и професијата. Вашата потсвест силно се буни против рутините во животот. Можете да воспоставите рамнотежа со малку труд и одрекнување. Комуникацијата со партнерот е многу емоционална и сензитивна. Повеќе одморајте.
Бик
Ве очекува поголема парична награда. Многу складен период во партнерските односи, деловните и емотивните. Изразена ви е моќта на запазување, па можете да звучите како перфекционист. Обидете се да најдете малку повеќе време за вашите блиски лица. Здравјето ви е добро.
Близнаци
Можете да претрпите промени поради новите околности. Ќе добиете признание за своите напори, но тоа нема да ви биде многу важно. Односите со партнерот се многу деликатни и истовремено длабоки. Избегнувајте го консумирањето на алкохол по секоја цена.
Рак
Насочете се на својата работа и одговорете на барањата на вистински начин. Финансиите ви се нестабилни. Вашите тајни започнуваат да ви ја загрозуваат врската. Интуитивниот партнер покажува љубомора. Решете ги проблемите од минатото. Можни се проблеми со крвните садови.
Лав
Од вас се очекува методичен пристап на работа и не оставајте место за емоции. Креативни сте, но го губите идентитетот во целата перспектива. Односот со партнерот е многу деликатен. Како и двајцата да сакате да се случи чудо и работите да тргнат во посакуваниот правец. Можни се болки во вратниот дел од грбот.
Девица
Малку делувате неразумно во своите финансиски акции, но вие сепак однапред сте пресметале се. Иницијативата ќе ви се исплати. Во односите со партнерот изгледате малку ладно, но во принцип сте многу заинтересирани и посесивни. Можни се повремени вртоглавици.
Вага
Одлично постапувате со финансиите, па ве очекува финансиска добивка. Ви одовара работата која нема постојан дневен распоред. Со партнерот го делите ставот да си ја заштитите независноста. Истовременоо тоа ви одговара, но посакувате и мирен, тивок домашен живот. Внимавајте на прекумерната исхрана.
Скорпија
Ви се враќа материјалната сила и покажувате склоност кон наметнување на своите идеи. Само ако се контролирате, ќе бидете поштедени од етикетите за арогантно лице. Амбициозни сте и полни со ентузијазам. Друштвено сте многу активни. Плените со начинот на кој комуницирате и со леснотијата на изразување. Добро се чувствувате.
Стрелец
Одличен период за деловно искажување или докажување. Ве окупира стекнувањето на моќ и пари заради обезбедување на повисока положба во вашето семејство. Често без причина се сомневате во себе. Оние кои неодамна започнале врска, нема да бидат расположени за давање на искрени емоции. Ве измачува несоница.
Јарец
Полни сте со внатрешна сила, инстиктивно знаете што треба да правите и доколку сте научиле да ја слушате вашата интуиција, можете да постигнете успех. Ако вашата врска им одолеала на искушенијата од претходниот период, ќе поминувате низ прекрасна фаза. Не го одложувајте заминувањето на лекар.
Водолија
Вие ништо не и оставате на случајноста, а штом не оди онака како сте замислиле, започнувате со силна борба да ги реализирате вашите идеи. Припадниците на овој знак кои имаат деца можат да очекуваат некакви проблеми во врска со нив. Убавите партнерски односи ве исполнуваат со топлина. Можни се алергиски реакции.
Риби
Ќе добиете поддршка од сите луѓе кои ви се блиски, одлучни сте да завршите неколку работи, да ги доведете до нивниот крај. Имате многу можности пред себе да ја пробудите постоечката врска, да започнете нова или да промените неколку партнери, се зависи од вас. Здравствената ситуација полека се подобрува.