Дневен хороскоп – 14.05.2016

zodiac-signs02

Овен 

Вплеткани сте во различни деловни ситуации, а сега на некој начин барате излез. Една личност има големо влијание на одлуките кои ги донесувате. Внимавајте да не бидете искористени.

Бик  

Лоша деловна комуникација. Чувајте се од местенки. Се отвора вашата емотивна страна иако ве влече во различни насоки. Во љубовта поделете ги чувствата со партнетот, но не му дозволувајте да ве искористи.

Близнаци 

Работата ви создава конфузијата во глава. Потребна ви е подобра организација. Со ладна глава пристапете му на партнерот и видете од каде потекнува неговото незадоволство. Не правете некои нешта од кои во иднина ќе се срамите.

Рак  

Имате потреба по секоја цена да бидете забележани во работите кои ги обавувате. Сакате да направите добро за себе и за вашиот партнер, но размислете за своите чекори бидејќи единствено така ќе ги решите работите.

Лав 

Малку сте безволни и ништо не ви се работи. Вашето однесување не може да остави добар впечаток на деловната околина. Не му префрлувајте на партнерот за секоја ситница, толеранцијата не ви е на завидно ниво. Вашето однесување е чудно.

Девица 

Ќе пронајдете добар начин да испливате од моменталната ситуација на работа. Наместо да дозволите околината да ве вовлече во нечија туѓа драма, таа енергија искористете ја за да ги расчистите сопствените мисли.

Вага 

По првото промашување се откажувате од работа. Поставувајќи се позитивно во моменталните околности со партнерот, можете да очекувате убави и пријатни момент. Избегнувајте газирани пијалоци, можни се болки во грлото.

Скорпија 

Потиснати сте бидејќи не ги сфаќате лицата во вашата околина. Иако плановите не ви одат како што сте замислиле немојте да ја префрлувате вината на другите поради одлуката која сте ја донеле сами. Останете позитивни, без оглед на добиениете критики.

Стрелец 

Недовербата во луѓе кои не ви се наклонети ви е пренагласена. Отворениот разговор со партнерот би можел да допре некои болни точки, но би можел и да ви донесе и повеќе од задоволсво.

Јарец 

Очекувате многу од новата работа. Дури и со сиот ваш труд и одлучност морате да направите некои измени. Партнерот би можел да ви се најде при рака и да ви помгоне во решавањето на дилеми и да ви ја смири нервозата која ја чувствувате.

Водолија 

Само максималното ангажирање може да ви обезбеди добра материјална ситуација. Веројатноста е голема да ги постигнете саканите резултати. Партнерот упорно се обидува да наметне некои свои ставови што и понатака му оди од рака бидејќи сте назинтересирани.

Риби 

Кога најмалку ќе се надевате, ќе добиете несебична помош која многу ќе ви значи. Еднаш кога ќе ја сфатите неизбежноста на новости во вашиот живот, вашите стравови ќе поминат. Ја имате потребната поддршка од партнерот.