Дневен хороскоп – 21.01.2016

zodiac-signs02

Овен 

Способни сте да ги реализирате своите идеи. Посакувате пофалби. Ви недостасуваат пари. Односот со партнерот ве збунува, исполнет е со сарказам и кавги. Не сте задоволни со таквата ситуација. Здравствената ситуација ви е оптеретена поради повремената нервоза.

Бик 

Интригите на работа ве оптеретуваат се повеќе. Некој упорно се обидува да ви наштети. Ниту приватно не сте за дружење, но тоа е минлива фаза. Емотивниот живот е место за вашата целосна среќа и релаксирање. Здравствената ситуација ви е малку подобра.

Близнаци

Мислите дека не сте доволно платени за работата која ја обавувате. Сепак, доаѓа подобар период. Доколку имате партнер, му наоѓате илјада маани и тоа не го задржувате само за себе. Ако наскоро не го пофалите, ќе останете сами. Ве оптеретува висок крвен притисок.

Рак 

Премногу сте се опуштиле и ништо не ви се работи. Се чини дека го користите интелектот само кога планирате нови работи. Имате лоши навики кои ви одвлекуваат многу пари. Односот со партнерот е многу убав, весел и романтичен. Ви недостасува енергија.

Лав

Не сакате да го промените начинот на работа. Изостанува наградата за трудот, но не се грижете премногу поради тоа. Доволно уживате во својата работа. Заљубени сте но сами. Кога личноста која ви се допаѓа би знаела за вашите емоции, би било поинаку. Можни се болки во пределот на градниот кош.

Девица 

Сакате да ја промените работата. Имате поддршка од доверлив соработник за се што ќе посакате. Финансиската ситуација ви е стабилна. Често мечтаете, и пропуштате да се завртите околу себе и можеби да го здогледате она за што чезнеете. Можна е мигрена.

Вага

Понудата за деловно патување немојте да ја одбиете. Тој краток пат може да ви помогне објективно да ја согледате својата ситуација. Финансиите се добри, но вие премногу трошите. Сакате промена на емотивен план иако се уште сте во врска. Добро се чувствувате.

Скорпија

Имате впечаток дека сите околу вас напредуваат, а на вас не ви се случува ништо ново. Можни се поголеми трошоци и финансиски проблеми. Односот со партнерот е стандарден, но вас во моментов не ве задоволува. Нема да ја добиете очекуваната парична помош. Проблеми со белите дробови.

Стрелец 

Колку и да имате желба за нов почеток, ова не е добар момент за промени. Финансиите се периодични. Вашиот немирен дух ве вовлекува во опасни емотивни води. Размислете пред било каква авантура. Можни се несакани последици. Забоболка.

Јарец 

Уживате во пофалбите кои ги добивате во деловното опкружување. Сепак, нема да бидете адекватно платени за својата работа и тоа може да ви го расипе расположението. Не сте објективни, партнерот тоа нема да го толерира. Можни проблеми со црниот дроб.

Водолија

Влезот во нови деловни активности може да ве мотивира на добра заработка. Имате среќа. Односот со партнерот е исклучително добар, убаво е да се биде заљубен и после толку време. Посветете си малку повеќе време на себеси кога станува збор за одморот.

Риби 

Методични сте и ја знаете својата работа, но не изостанува лошата комуникација со една многу важна личност. Финансиите се променливи, периодични. Односот со партнерот е многу еротичен, но вие не сакате да ја жртвувате својата слобода и го одложувате бракот. Можна е настинка.