Дневен хороскоп – 23.12.2015

zodiac-signs02

Овен 

Доста сте ги промениле своите погледи на животот. Можни се пријатни изненадувања во љубовта, особено ако ве привлекува некоја ексцентрична личност. Со партнерот е невозможно смирување. Можни се проблеми со кардиоваскуларниот систем и високиот притисок.

 

Бик 

Ве очекува вест која ќе ве израдува, особено ако се занимавате со некој приватен бизнис. Ви претстојат големи успеси. Сте успеале да се стабилизирате и многу нешта кои се случуваат околу вас ги прифаќате како неизбежни. Љубовниот живот е добар, особено ако сте во врска со друг Бик. Поведете сметка за своето здравје.

Близнаци 

Воспоставувате нов систем, се обидувате да пронајдете неое свое место под сонцето. Посветеноста кон домот и ближните е она што ве прави толерантни и подготвени да покажете повеќе грижа. Ве очекува минлива несоница.

Рак 

Ќе бидете творечки расположени и ќе настапувате реално, огринално и интуитивно. Зафатете се со разрешување на проблемот од неговите корени и откријте ги причините. Ве очекува успех и можност за голема заработка, не се откажувајте, и самите знаете дека нема да биде лесно.

Лав 

Премногу несериозно се однесувате, вашата работа, приватниот живот и семејството го чувствуваат тоа. Мора да пронајдете нова метода за успех, вашата е тотално погрешна. Инвестирајте во работата, ќе дојде време кога ќе имате големи приходи од неа. Внамавајте и на здравјето, претерано консумирате нездрава храна.

Девица 

Љубовниот живот ви е стабилен и мирен. Соочете се мирно со ситните љубовните проблеми, одморете се од работата и посветете повеќе внимание на емоционалниот живот. Немојте да бидете автодеструктивни и обидете се да не се заљубите во личност која е склона да игра со вашите чувства.

Вага 

Потикнувач сте на разговори кои можат понатака да водат кон успешно заклучување на работата. Возбудени сте во врска со новите идеи кои сега ги спроведувате. Имате потреба повеќе да излегувате и со романтични вечери да го решите постоечкиот проблем во врската. Внимавајте во сообраќајот.

Скорпија

Можеби ќе бидете незадоволни но ве советуваме да не претерувате со анализите на се и сешто. Ако сте во врска, очекувајте убави моменти поминати со вашиот партнер, дружење со вашите пријатели и забава. Слободните ги очекуваат средби, но сепак внимавајте со кого се дружите.

Стрелец 

Се трудите да бидете во добра физичка форма бидејќи сте свесни дека ве очекуваат прилично големи напори кога станува збор за работата која бара големо трпение, концентрација и пред се добра комуникација со соработниците. Можете да најдете заеднички јазик со некој Лав роден во јули или со Близнаците родени во мај.

Јарец 

Ве очекуваат некои нови деловни можности. Резултатот од деловниот разговор ќе биде поволен, можете да очекувате понатамошен позитивен тек. Односот со саканото лице е лош, потребни ви се повеќе слобода и разновидност. Ве очекува помал здравствен проблем.

Водолија 

Одличен период за љубовни средби за оние кои се во врска, а и за оние слободните кои го бараат животниот сопатник. Ако добиете покана за средба немојте да ја одбивате, може да ви случи нешто прекрасно. Подолго време ве интересира една личност која ви се чини дека е неодостапна, обидете се. Семејните односи ќе бидат доста напнати, но нека не ве загрижува тоа кратко ќе трае.

Риби 

Вашите квалитети и потенцијали многу тешко ќе ги изразувате. Ќе бидете премногу чуствителни на се што ќе се случува врз вас. Во емотивниот живот премногу се грижите за неважни ситници и самите себе се оптеретувате. Полни сте со емоции и страсти, но станувате и доста нетрпеливи за вашиот партнер. Додадете повеќе самоконтрола и одлучност на својот карактер.