Дневен хороскоп – 27.01.2016

zodiac-signs02

Овен 

Не ја прифаќате можноста работата да ви тргне во лоша насока. Сметајте дека една блиска личност може пријатно да ве изненади. Многу слободни Овни можат да најдат партнер за брак. Здравствената ситуација е оптоварена со висок крвен притисок.

Бик

Способни сте да се соочите со своите проблеми. Ако соработувате со личност во знакот на Близнаци, тогаш тоа е она вистинското. Емотивниот живот го врзувате за лицата со кои работите, а тоа негативно се одразува на вас. Внимавајте на вашето здравје, не е одлично.

Близнаци 

Добра и стабилна финансиска ситуација. Парите ви пристигнуваат навремено. Ве очекува и ново деловно патување. Емотивно се врзувате за личност од вашата околина. Изгледите да ја поправите здравствената ситуација зависат само од вас.

Рак 

Напредувањето е загарантирано доколку бидете дисциплинирани во работа. Искористите ја поволната ситуација и тргнете во заедничка работа со пријателите. Емотивно напната ситуација и можност за сериозни проблеми. Здравствената ситуација ви е подобрена.

Лав 

Вие одлично знаете како да ги решите потешкотиите во кои се наоѓате. Во семејството можни се проблеми со младите членови. Бидете малку флексибилни, да не би дошло до сериозни судири. Можна е вирусна инфекција, подобрете ја состојбата на имунолошкиот систем.

Девица 

Можност за брза заработка. И понатака најдобро ќе функционирате во опкржување кое на вас ви е добро познато. Емотивно сте во неизвесна ситуација но сами си придонесувате за тоа и тешко ќе стигнете до крајната и конечна одлука. Внимавајте, чувајте се од промаја.

Вага 

Самостојни сте во работата и не поднесувате критика. Ве очекува добра заработка, што е многу важно за вас. Вашето его е зголемено. На емотивен план имате проблеми, па затоа избегнувајте ги расправиите со драгите лица. Можна е вртоглавица.

Скорпија 

Можни се критики кои нема да ги сфатите добронамерно. Сепак, ќе дојде до подобрување на финансиската ситуација. Емотивно сте врзани за домот и семејството, а тоа ве прави задоволни. Обрнете повеќе внимание на храната, поради падот на имунитетот.

Стрелец 

Се надевате на позитивни резултати за работите кои ги правите, но нема да оди се онака како што се надевате. Нетрпеливи сте кон партнерските грешки и маани, не сакате да чекате да се поправи. Чувајте се, можни се изгореници.

Јарец 

Околу секоја ситница правите голема галама и тоа повеќе не го криете од околината. Крајот на едно и почетокот на ново љубовно поглавје е пред вас. За некои од вас тој процес ќе помине незабележано. Можни се проблеми со грлото во вид на воспаление.

Водолија 

Ве очекува вест која ќе ве израдува, особено ако се занимавате со некој приватен бизнис. Ви претстојат големи успеси. Сте успеале да се стабилизирате и многу нешта кои се случуваат околу вас ги прифаќате како неизбежни. Љубовниот живот е добар, особено ако сте во врска со Бик. Поведете сметка за своето здравје.

Риби 

Мора да пронајдете нова метода за успех која ќе биде видно различна од досегашната бидејќи вашата е тотално погрешна. Инвестирајте во работата, ќе дојде време кога ќе имате големи приходи од неа. Внамавајте и на здравјето, претерано консумирате нездрава храна.