Кршливите нокти се најчестата и најмачна појава која ве спречува да ја одржите должината.
Наместо да се одлучите за лакови и препарати кои ветуваат добри резултати, но сепак мала е веројатноста дека реално ќе ги добиете, подгответе си домашна маска.
За околу 2 недели по користењето ќе ги забележите првите резултати.
Потребно ви е:
Свежо исцеден сок од портокал
Свежо насечкан лук
Маслиново масло
Земете поголем сад во кој ќе го измешате сокот од портокал и лукот. Во оваа мешавина држете ги ноктите 10 минути. Потоа, префрлете ги ноктите во садот со маслиново масло.
Постапката повторувајте ја секој ден во рок од 2 недели.