Годишен хороскоп – 2016 година

horoskop_2016

Овен

Овните ќе имаат прекрасна година со оглед на тоа што планетите им се наклонети. Сепак, важно е да се сконцентрираат на приоритетите. Бидете иновативни и така ќе напредувате. 2016-та година ќе им биде предизвик на Овните кои ќе се соочат со многу проблеми, но успешно ќе ги совладаат благодарение на позитивниот став. Емотивно ќе бидете посилни, што ќе придонесе кон успех и на тоа поле.

Љубов

Ќе имате прилика за влез во нова врска, доколку сте сами. Вашата потрага по сродна душа ќе заврши до крајот на годината и ќе бидете во сериозна врска во декември 2016-та. Веќе постоечките врски ќе стануваат само посилни, а можна е и принова во семејството. Во врските ќе има поголема страст и без никаков проблем ќе го привлечете спротивниот пол. Помеѓу февруари и мај вашите љубовни пресуди нема да бидат најдобри, па немојте да се впуштате во авантури.

Работа

Од април до септември 2016-та година ќе влезете во нови предизвици и соработки. Одржувајте ги добрите односи со соработниците, колегите и надредените. Разработете план кој долгорочно ќе ви користи и следете го. Во работата бидете упорни и трпеливи во исто време, само така ќе му се доближите на успехот. Во тоа ќе ви помогне и креативноста и социјалните активности. Проширете го кругот на партнерства преку различни организации и собири.

Здравје

До април 2016-та ќе бидете витални, енергични и ќе барате нови активности. Со оваа енергија успешно ќе ги надминете сите здравствени проблеми без потешкотии. Овните кои се занимаваат со спорт ќе се истакнат заради нивото на енергија. Ова е одлична година и за духовен развој.

Бик

Во текот на 2016-та ќе се соочите со внатрешни немири. Морате да се сконцентрирате на зајакнување на сопствената сила и контролирање на емоциите при постигнувањето на материјален успех во животот. Може да остварите нови познанства со луѓе истомисленици. Голема е веројатноста за успех ако не се откажете кога ќе се соочите со неочекуваните предизвици.

Љубов

Во текот на 2016-та година ќе најдете љубов во кругот на пријателите. Биковите кои се веќе во сериозни врски треба да размислат повеќе за односот кој го имаат. До крајот на годината тој ќе стане постабилен и поквалитетен. Ако пак сте во потрага по нова љубов, ќе мора да го промените личниот став за да го привлечете спротивниот пол и да влезете во нова врска. Крајот на годината е идеален за нова љубов.

Работа

Ова е добра година за нови предизвици и промоција на нови производи. Сконцентрирајте се на подобрување на комуникациските вештини, за да остварите многу подобри резултати. Биковите кои работат во поголеми фирми ќе се соочат со големи предизвици и ќе им треба поддршка од надредените за да ги остварат целите. Социјалните вештини се важни и ќе ви помогнат да му се доближите на успехот.

Здравје

Во првиот дел од годината ќе бидете повитални од вообичаено. Сепак, ќе мора да внимавате и да одморате помеѓу стресните периоди на работа. По јули ќе мора повеќе да одморате, да се упатите на патувања кои ќе ве релаксираат и да се оддалечите од стресното секојдневие.

Близнаци

2016-та година е идеално време за решавање на проблемите кои сте ги одложувале или од било која причина не сте имале време да ги завршите, пред да започнете со нови проекти. Размислете ги досегашните планови и одредете ги новите цели. Сè гледајте од практична гледна точка. Студентите оваа година ќе се истакнат. Напредок ќе постигнете и преку духовноста. Пат во странство и кратки патувања се составен дел од настаните кои ве очекуваат во 2016-та.

Љубов

Во текот на 2016-та очекувајте турбулентен љубовен живот. Нестабилните врски оваа година ќе пукнат, а кон новите врски ќе имате многу поразличен поглед. Август ви носи нешто помирна атмосфера и задоволство низ љубовниот живот. Ноември е поволен месец за планирање бременост.

Работа

Концентрирајте се на собирањето нови информации и развивањето на нови методи кои ќе ви помогнат во работата, односно во планирање на вашата иднина. Довршете ги проблемите кои долго ги одложувате и решете ги заостанатите проблеми. Би требало да вложите повеќе пари во проектите и да побарате совет од стручни лица во работата за која сте заинтересирани. Очекувајте подобрување на својот статус во деловниот свет.

Здравје

Здравјето ќе ве служи во текот на целата годна. По јули вашата енергија значително ќе се зголеми, но време е да се ослободите од лошите навики и пороци. Креативните активности, како на пример музика, имаат моќ да ве опуштат и позитивно да влијаат на вашето здравје во текот на цела 2016-та.

Рак

Раковите ќе бидат оптимистични и полни со самодоверба во текот на 2016-та, што ќе им обезбеди успех на секое поле. Ако постои недоразбирање или проблем во кругот на семејството, сега конечно успешно ќе го смирите и решите. Оваа година мора да бидете поенергични кога ќе се соочувате со професионални проблеми и не треба да се срамите кога ќе треба да го изразите своето мислење. Со реален поглед на нештата лесно ќе ги исполните зацртаните цели. Внатрешниот глас ќе ве води во текот на цела година. Искористете ги комуникативните способности за да ја добиете поддршката од другите.

Љубов

Раковите кои ќе влезат во нова врска околу средината на 2016-та, мора да бидат многу внимателни. Помеѓу март и јуни компатибилноста на партнерите кои се во врска ќе биде прилично лоша. Склони сте на менување на расположението и односот кон партнерот. Не очекувајте некој друг да ви ги реши проблемите во врската. Ќе ги надминете само со заеднички сили и договори, доколку има волја.

Работа

Сè до октомври вашиот успех ќе зависи од соработката со колегите, партнерите и соработниците. Важно е да бидете прецизни и јасни кога ќе им објаснувате на другите што сакате да постигнете. Кон крајот на 2016-та конечно ќе бидете послободни во одлуките. Позицијата на планетите за среќа ќе ви потпомогне во зацртаните цели кои ги имате. Бидете благодарни и не форсирајте ништо.

Здравје

Во текот на 2016-та година треба посебно внимание да му обрнете на здравјето. На почетокот од годината ќе бидете полни со енергија и ќе се впуштате во повеќе активности. Но, меѓу март и јули пазете се од повреди и болести. Пробајте да одморате во овој период за да го избегнете целосното исцрпување.

Лав

Јупитер на Лавовите ќе им донесе одлични можности за напредок на сите животни полиња и оптимизам. Идеално време максимално да го искористите вашиот капацитет и да преземате иницијатива. Со помош на планетите ќе остварувате многу успеси и напредок. Сепак, потребно е и да ги слушате другите луѓе. Во овој период ќе го проширите својот социјален круг што ќе ви помогне да дојдете до остварување на многу успеси.

Љубов

Ако сте сами, оваа година ќе имате бројни можности за да влезете во врска. Помеѓу август и ноември, врската ќе започне да ви се движи нанапред и ќе стане сериозна. Исто така, оваа година е поволна за проширување на семејството, за оние кои сакаат да имаат деца. Лавиците можат да се заљубат и во некое лошо момче, па треба да бидат внимателни да не влезат во некоја несакана авантура.

Работа

Имате одлични планови и идеи, но потребна ви е поддршка од претпоставените, ако сакате да ги остварите вашите цели. Со колегите треба да бидете љубезни и искрени и да не се двоумите да им кажете што мислите. Во првите три месеци од 2016-та година размислете за вашиот статус поврзан со професионалниот живот и дефинирајте ги вашите идни планови. Потпрете се на вашата интуиција при одредувањето на стратегиите за она што сакате да го постигнете. Кога целосно ќе знаете што сакате, разработете идеи и планови за да можете да се насочите кон делување. Концентрирајте се на процесот кој ве води до остварувањето на целите.

Здравје

Ќе бидете во добро здравје во текот на цела 2016-та година, посебно во мај. Од август посветете повеќе внимание на вашето здравје, слушајте го вашето тело и одлучете се за здрава исхрана.

Девица

За девиците, 2016-та ќе биде година за креативно изразување и само-освестување. Мора да ги откриете своите скриени способности и да ги искористите на уникатен начин како би го достигнале успехот. Низ овој процес ќе мора да им се спротивставите на слабостите. Сконцентрирајте се и на подобрување на своите вештини низ учење и помош од стручни лица. Побарајте нови шанси за да си ги проширите животните хоризонти и таленти, не се повлекувајте.

Љубов

Првиот дел од годината е среќен период за љубов и врски со многу забава и уживање. Сите недоразбирања со партнерот ќе ги решите преку мирни разговори. Девиците кои се веќе во врска, може да очекуваат само хармонија. Неопходно е важните одлуки да ги донесувате заедно. Зацврстување на односот на духовно ниво е предвидено за јуни 2016-та.

Работа

Девиците кои планираат да започнат бизнис во 2016-та, ќе остварат профит дури на крајот од годината. Во работата ќе треба да вложите многу енергија, но резултатите ќе бидат вредни за потрошеното време. Искористете ги и приватните контакти ако сакате да успеете. Положбата на планетите ви е поволна на ова поле, но ќе мора да поработите на односот и комуникацијата со колегите и соработниците и да остварите поискрени односи. Не ни помислувајте на агресивен пристап оваа година, затоа што секое наметнување на идеите може да заврши со отказ.

Здравје

Ќе бидете витални и ќе имате воодушевувачко ниво на енергија, па затоа сите исцрпувачки активности добро е да ги завршите на почетокот на годината. До август погрижете се секојдневно психички да се одморате по неколку часа. Ако планирате диета, почетокот на годината исто така е идеален за неа.

Вага

Вагите треба да ги искористат своите креативни способности за да осмислат стратегија за подобра иднина низ 2016-та. Мора да одлучите што точно сакате и да делувате со самодоверба. Со визијата за јасни цели лесно ќе си го проширите и кругот на пријатели и познаници. Оваа година семејството ќе има најважна улога во вашиот живот. Ќе бидете полни со енергија.

Љубов

Во текот на 2016-та година ќе бидете страствени, магнетски привлечни и романтични. Септември е најдобар месец за да влезете во нова врска, која драстично ќе ви го промени љубовниот живот. Нестабилните врски оваа година ќе се соочат со тешки моменти и од истите ќе бидат прекинати. Љубовниот живот ќе ви стане постабилен по ноември. Брачните парови слободно може да планираат проширување на семејството во 2016-та.

Работа

2016-та година ќе биде поволна за нови проекти. Ќе мора да се истакнете и да имате поголема самодоверба во активностите за да ја исполните целта. Може да се соочите со препреки и отпор од некои блиски колеги, но од друга страна ќе ги има и оние кои ќе ве поддржуваат од се срце. Во работата мора да бидете уверливи за да ја победите конкуренцијата во 2016-та. Важните работни одлуки донесувајте ги во втората половина од 2016-та. Ве советуваме одлуките да не ги донесувате ненадејно, туку промислено. Дајте си повеќе време за размислување.

Здравје

Во текот на 2016-та година ќе имате добра физичка кондиција и многу можности да уживате во животот. Сепак, емотивно ќе бидете променливи. Ќе си помогнете само ако повеќе одморате. Помеѓу април и јули очекувајте нестабилност во здравјето, која ќе се поправи дури по септември.

Скорпија

Оваа година ќе имате бројни остварувања на приватен план. Промените ќе ви донесат напредок по посакуваната насока – напредок кој ќе ви дојде благодарение на поволните околности. Потполно ќе уживате во животот. Втората половина од годината ќе ви донесе сериозни предизвици. По добра анализа ќе морате да донесете важни одлуки. Подобрувањето на животните околности бара време и напорна работа.

Љубов

Меѓу февруари и мај ќе имате значајни промени во вашиот љубовен живот. Морате да ја контролирате секоја новонастаната ситуација. Бидете трпеливи во втората половина на 2016-та година, но не се откажувајте од замисленото. Целата година ќе ви биде исполнета со страст и предизвици во љубовта.

Работа

Не треба да ги наметнувате своите идеи на соработниците и колегите. Договорите мора да се остварат преку соработка и компромис. Размислувајте за проширување на вашите знаења и стекнување на нови вештини во текот на 2016-та година. Од април до септември имате најголеми шанси за напредување и професионални патувања.

Здравје

Ќе бидете витални и полни со енергија до јуни 2016-та година. За да ја одржите добрата состојба важно е да ги ограничите вашите активности. Во спротивно, во текот на втората половина од годината, вашето здравје ќе биде чувствително.

Стрелец

Во текот на 2016-та година очекувајте промени. Ќе тежнеете кон напредок на личен план, а положбата на планетите ќе ви даде бројни можности за тоа. Односите во вашиот живот бараат темелна анализа и ќе морате да донесете некоја тешка одлука. Брзото темпо ќе трае се до април, а потоа ќе можете да се релаксирате и да уживате во добрите резултати од напорната работа и труд.

Љубов

Врските и љубовта ќе бидат турбулентни во 2016-та година. Воздржете се од потребата да доминирате над партнерот. Романтичноста во комбинација со страста ќе ви го подобри односот со саканата личност. Ако односот со саканата личност ви е напнат, не планирајте бременост.

Работа

Работата ќе ви биде во преден план во 2016-та година. Поработете на подобрување на вашите професионални вештини и завршете ги сите започнати работни проекти и обврски. Соработката со колегите ќе ви биде од голема важност за постигнување на успеси на професионален план. По април треба да забавите и повеќе да одмарате. Тоа е време кога треба сè да анализирате и да ги одредите следните чекори како и да се прилагодите на промените.

Здравје

Првиот дел од 2016-та година ќе ви биде енергичен и напорен, па тешко дека ќе можете да најдете време за одмор и забава. Во април ќе имате повеќе време за патувања, релаксација, одмор и забава.

Јарец

Ќе размислувате и прецизно ќе ги дефинирате целите кои сакате да ги остварите и ќе бидете подготвени да ги преземете сите потребни чекори за да ги остварите во текот на 2016-та година. Она што ви недостасува, посебно нови вештини, ќе го научите. Исто така, потребно е да ги проверувате сите информации до кои ќе дојдете. Ако постојат односи кои ве спречуваат на патот до успехот, бидете подготвени да ги прекинете тие пријателства. Своите мисли истражувајте ги јасно и отворено и ослободете се од емотивниот товар кој сте го носеле досега. Со помош на Јупитер кој ви носи нови можности и дефинирање на целите, ќе остварите успех.

Љубов

2016-та година ветува многу на љубовен план. Работите сами ќе се развиваат уште од самиот почеток на годината без многу труд од ваша страна. Препуштете се на случувањата и уживајте. Ќе имате бројни можности да влезете во нова врска во текот на годината. Февруари е поволен за отстранување на сите препреки. Во текот на јуни ќе формирате сериозна и квалитетна врска. Исто така, овој месец е поволен за бременост.

Работа

Морате да се концентрирате на емоционалната стабилност и хармонични односи со колегите и надредените оваа година. Можете да се изборите за подобра положба на работа. Игнорирајте ги малите неприлики предизвикани од другите и останете прибрани при соочувањето со потешкотиите на работа. Бидете свесни за сопствените способности и можности.

Здравје

Во првиот дел од годината вашите здравје и виталност ќе бидат одлични. Сепак, вашата насоченост кон работата и професионалните цели ќе ви бараат малку повеќе енергија и прибраност. Од април треба да се релаксирате и да одмарате. Во тоа ќе ви помогнат здравата исхрана и вежбањето.

Водолија

2016-та година е одлична за нови познанства и формирање на нови односи и врски. Ќе бидете склони на критикување и приговарање, а тоа нема да ви помогне во кариерата. Во спроведувањето на плановите и при работата на проектите треба да се концентрирате и на најмалите детали. Морате да постигнете рамнотежа преку односите со другите, со оглед на тоа што ќе имате променливо расположение. Ова е време на креативност во вашата работа и бидете подготвени да ги промените застарените идеи.

Љубов

Односот на паровите ќе биде хармоничен помеѓу март и јули 2016-та година. Развој на љубовниот однос, посебно ако сте во нова врска, очекувајте меѓу август и октомври 2016-та година. Важните одлуки во врските и одлуката за бременост најдобро е да ги донесете во текот на декември 2016-та. Оние кои се сами ќе имаат можности за излегувања, дружење и влез во нова врска со најголема веројатност во декември.

Работа

Оваа година е идеална за влез во нови проекти или ново работно место. Ќе имате поволни околности и помош од другите. До јуни ќе бидат видливи резултатите на вашето делување. Ќе бидете посамоуверени на работа. Не ги игнорирајте законите при спроведувањето на вашите планови во дело. Старите пријатели ќе ви помогнат околу нерешените проекти.

Здравје

Помеѓу април и октомври ќе вложувате многу енергија во работата и професионалните цели. Издржливите успешно ќе се носат со стресот, додека другите можат да бидат нервозни и раздразливи. Воспоставете рамнотежа помеѓу напорното работење и потребниот одмор за да го зачувате вашето здравје. Медитацијата ќе ви биде од голема помош.

Риби

2016-та година ќе ви донесе многу нови прилики за напредок. Од вас зависи дали ќе ги искористите тие прилики. Ќе имате пореалистичен поглед на светот, а вашата креативност ќе мора да почека. Вашите идеи од претходните години сега ќе бидат претворени во реалност и ќе бидете задоволни со она што сте го постигнале. Значаен напредок ќе можете да постигнете благодарение на вашата внатрешна сила која сте ја граделе досега. Ќе морате добро да ги одберете приликите кои одговараат на вашите желби, со оглед на тоа што ќе имате многу оваа година. Посветете се на оние проекти кои можете да ги довршите.

Љубов

Сите насобрани проблеми во текот на претходните години во 2016-та година ќе исчезнат. Влез во нови врски ќе можете да остварите помеѓу март и јуни. Љубовниот живот ќе ви донесе многу задоволство, како за оние кои се во врска, така и за оние кои тек ќе влезат во сериозна врска. Односот во долгите врски може да биде нарушен во период меѓу септември и ноември, но останете покрај партнерот и не донесувајте важни одлуки. Брачните односи ќе бидат подобри и постраствени оваа година.

Работа

Ова е поволна година за започнување на нови бизниси, нови проекти и ширење на постоечкиот бизнис. Решете ги сите прашања и спроведете ги одлуките. Темелно проучете ги проектите пред да ги започнете, посебно пред мај. Лицата кои се занимаваат со некој облик на уметност ќе остварат одлични резултати и на еден начин ќе станат славни и познати. Успехот, како резултат на вашите напори и настојувања очекувајте го во последниот дел од годината.

Здравје

Одлично здравје ќе ве прати во текот на целата 2016-та година. Помеѓу април и септември емотивните проблеми можат да го нарушат вашето здравје.