Хороскоп – Зима 2015/16

Дознајте што ве очекува оваа зима:

Winter-Snowman-1

Овен

Пред нас е уште една зима во која Овните ќе се учат на трпение. Можеби понекогаш тоа ќе ви оди тешко и бргу ќе избувнувате, но и од лошите работи се учи. Многу ќе ви значат признанијата и комплиментите од другите, бидејќи тие ви се најважното огледало во животот. Негативните коментари можат да ве исфрлат од колосек, но ѕвездите ќе ви шепнат да не се предавате и откажувате. Навремената подготовка може да ви донесе нови победи уште во првите денови од зимата. Интуицијата ќе ви биде изразена повеќе од вообичаено, и вашата животна филозофија ќе ја ставите на испит, бидејќи ве очекуваат големи животни промени.

Бик

Уште самиот почеток на зимата ќе му започне работно на овој земјен знак, но подоцна ќе се посвети на дружењето и забавата. На полето на љубовта кое е доста изразено кај Биковите, зимата може да донесе нова голема љубовна приказна. Може да се случи толку силно да се заљубат што ќе ја изгубат главата, бидејќи ќе ја сретнат личноста која е фатална за нив. Тука само Сатурн може да ја доведе ситуацијата во баланс и да не се претераат со нешто што и не е така силно. Дружењето е доста важно за сите Бикови оваа зима.

Близнаци

Зимата ќе биде малку лош период за вас. Сите оние шеги и приказни повеќе нема да им бидат привлечни на луѓето од вашето опкружување. Потребно ви е големо друштво, но некако сè ви се чини како да нема ништо ново. Сепак ќе знаете дека не сте сосема сами и дека можете да очекувате поддршка од партнерот. Нема да ви држи место и ќе морате да си најдете некое ново хоби сè додека не видите до каде води тоа. Можеби ќе ви помогне да откриете нешто ново за себеси. Насмевнете се и ве очекуваат позитивни работи во животот.

Рак

Ќе имате впечаток дека негативните вибрации ви доаѓаат од партнерот и дека тоа се рефлектира на вашето професионално поле. Морате да научите да се носите со предизвиците и да сфатите дека не треба да се преиспитувате, туку со некои работи едноставно да се помирите. Имате одлични идеи како можете да го искористите зимскиот период. Внимавајте на млада машка личност која може да направи лоша атмосфера во вашиот дом со своите постапки. Внимавајте и на здравјето на вашите родители.

Лав

Ве очекува период на силни љубовни врски. Прво ќе се заљубите, а потоа ќе започнете да работите со полна пареа на професионален план. Секако, ќе имате прилика убаво да си поминете за време на новогодишните празници и тоа на величествен начин, онака како што умеете. Самиот почеток на годината ќе ви донесе повеќе пари. Морате да се чувате од изливи на бес од една машка личност. Можно е ненадејно патување. Така е најдобро, бидејќи плановите не ви носат ништо посебно.

Девица

Ќе бидете доста среќни на полето на финансиите. Добивката на тоа поле е неминовна. Ќе имате брилијантни идеи и вашиот остар ум може да ве доведе до голем успех на професионален план, посебно ако имате приватен бизнис. Ќе имате доста изненадувања од страна на партнерот. Ваша одлична особина ќе е тоа што страствено ги завршувате работите без некој да ви спомнува било какви рокови. Тоа е вашата тајна која другите се обидуваат да ја копираат.

Вага

Во текот на зимскиот период ќе ве мачи „гладот“ на повеќе начини, не само што ќе сакате повеќе да уживате во храната, туку и ќе имате пориви да заработувате повеќе. Ова второво поле ќе биде нагласено и понатаму. Добар совет е да се откажете од првото поле, бидејќи можете да накачите некој килограм повеќе. Свеста ви е насочена кон претприемништвото и добро е да ги искористите сите можности кои ќе бидат поволни за вас. Постојат работи кои долго време сте ги очекувале, па сега ќе дојдете до одлични идеи како да ги остварите вашите желби.

Скорпија

Вашиот знак го очекуваат доста предизвици. Ќе имате енергија повеќе од вообичаено, па добро е да пробате некој зимски спорт. Ќе бидете неодоливи на спротивниот пол. Можно е да имате тајна љубовна врска. Ќе ве опседнат мисли во врска со некоја личност од соседството или некоја ваша блиска личност. Ве очекуваат и мали проблеми со финансиите, бидејќи Сатурн ќе ви дава таква енергија на полето на парите. Сè ќе помине и ќе научите како да се носите со оваа енергија. Ќе поминувате повеќе време со блиските, бидејќи сте заштитнички настроени и се грижите сè да биде во ред.

Стрелец

Ќе се послужите со вашата интуиција за да заработите повеќе пари. Понекогаш ви се чини како да не поминувате низ добар период, но веднаш потоа ви се враќа оптимистичкиот дух како на ниту еден друг знак од Зодијакот. Ѕвездите посочуваат на можни тајни непријатели кои го сакаат вашиот дел од колачот. Љубоморните противници ќе се обидат да се надмудруваат со вас, но сфатете ги само како уште еден предизвик.

Јарец

Од јануари ќе посакате да ги завршите старите и недовршени работи во вашиот живот. Ќе имате позитивна енергија и повеќе елан и оптимизам од вообичаено. Искористете го тоа на продуктивен начин и лесно ќе ги намалите тензиите во вашето опкружување. Тема кои најмногу ќе ве интересира се парите од кои можете да добиете големо задоволство. Внимавајте на вашето здравје. Сите одлуки кои ќе ги донесете овој период зависат исклучиво од вас.

Водолија

Она што е актуелно кај вас е можноста да стекнете пари преку пријателските врски и честото дружење. Можете да имате поддршка од вашите надредени и да бидете успешни на професионален план. Колегите ќе ви пренесат вештини кои ќе ви помогнат да ја добиете позицијата која ја посакувате. Потрудете се и тоа да го постигнете, бидејќи секоја одлука не зависи од некој друг, туку исклучиво од вас самите. Љубовта малку подоцна доаѓа на ред во вашиот живот.

Риби

Знакот на најголеми тајни ќе мора да почека за важните работи, а моментално може малку да се одмори за да дојде до големи победи. Можно е да дојдете до пари кои ќе ги заработите од странство. Нема да имате недостаток од нив, но важно ви е да направите добар план и да дојдете до конкретен успех.