Huawei ги претставува последните технолошки иновации на Huawei Road Show 2016

Караванот на Huawei тргнува! Патува кон целта да креира Подобро Поврзан Свет, кој за нас е веднаш зад аголот. За време накампањата – Road Show 2016 , караванот на Huawei ќе посети 26 градови во 23 земји за период од 6 месеци, пружајќи им можност на посетителите да се запознаат со новите тенденциите во индустријата, како и презентација на високопосакуваните 12 сегменти во нашите врвни производи и услуги. Исто така, ќе допринесе за пошироко запознавање на информациските и технолошките стратегии на Huawei. Попатен стоп на нашиот караван во Скопје, Македонија ќе биде на 28ми април.

Road Show 2016 MK

Денес е особено важно да се трансформира искуството на корисникот во дигиталниот свет, па токму затоа Huawei ги препорачува следните иницијативи во дигиталната трансформација, наречени “Големата 5ка“.

Видео соржини

Видеото живее! Видео содржините се насекаде. Тие ќе станат основен телекомуникациски сервис. Во делот на видео содржини, ви го претставуваме Hybrid TV, нашето последно видео достигнување кое овозможува еволуција на новото TV искуство со што ја проширува интеграцијата на технологиите, како што се converged data (агрегатор за обработка на податоци), дигитална TV платформа, видео повици, cloud storage ( складирање во облак) и брзо менување на канали.

Информациски технологии

Во областа на информациските технологии, Huawei ја има честа да претстави решенија наменети за исполнителни директори, менаџери, информатичари и инжењери. За оние кои посакуваат нови, паметни решенија за трансформација во дигиталната ера, им помагаме да станат покомпетитивни во индустријата нудејќи им на клиентите специјално креирани кориснички услуги, вклучувајќи Unicloud решенија,решенија за data центри, како и UPS технологии.

Road Show 2016 MK (2)

Оперативни поврзувања

Оваа секција е дизајнирана за да ја пренесе филозофијата на Huawei за градење на динамични мрежи кои гарантира E2E ROADS (end-to-end комуникациски принцип) искуства. Ние имаме намера да им посакаме добредојде на посетителите со претставување на различни решенија, вклучувајќи мрежни искуства, модернизација на фиксни мрежи, продукти за трансформација и поддржување на оперативни системи.

Софтверно дефинирана архитектура

Оваа секција е посветена на SDN/NFV технологиите во data центрите, што овозможуваат брза испорака на информациите и брзо поврзување.

Road Show 2016 MK (4)

Поврзување

Ubiquitousи Ultra Broadband мрежите се клучот кој им овозможува на корисниците да направат дигитална трансформација. Посетителите можат да присуствуваат на презентација на продукти и решенија што ќе го направат нивниот интернет живот – реалност. Она што стои зад возбудливите online искуства се технологии како: 5G, WTTx, GigaHome и 4K.
“Оваа година, трансформацијата ќе биде највисоко на агендата на нашето Road Show и ќе биде претставена како стратегиска можност односно мрежа, софтверно дефинирана архитектура, оперативен процес и динамичен бизнис модел за корисниците. “ – изјави Ли Хан генерален менаџер на Huawei Technologies.

Промените ќе одекнат откако ќе бидат демонстрирани ултра – модерните технолошки новитети, од кои најважно е она што го нарекуваме Отворени Патишта (Open Roads) за Подобро Поврзан Свет. Така нареченото ROADS искуство во себе содржи Real-time, On-demand, All-online, DIY и Social конекции.