Идеална диета за губење на килограмите пo празниците

Празниците ни се секогаш убави, раскошни, со богати трпези, но за килограмите и нашето тело и не се баш најполезни. Меѓу другото, ладното време ве прави мрзеливи и не ви е до физичка активност, па губењето килограми со диета ви се гледа како најпогодно решение.

dieta-praznici

Но, треба да се внимава, не секоја диета е здрава. Немојте по секоја цена да се трудите да изгубите килограми. Можно е последиците да бидат ужасни.

Во моментов диетата наречена „DASH“ стана хит во Америка. Измислена е да им помага на луѓето кои страдаат од покачен крвен притисок. Го намалува и холестеролот, и можноста од појава на дијабетес. Американските доктори ја прогласија за моментално најздрава диета која може да се практикува.

Диетата се состои од две фази.

Фаза 1: Намалување  на обемот околу стомакот за две недели

Во периодот од овие 14 дена, секој оброк кој го внесувате во вашето тело треба да има ограничена количина, од трите групи на кои се дели храната. Порцијата риба или пилешко кои треба да ги внесувате, треба да биде голема колку вашата дланка. Доволно е во денот да внесувате една рака грав, јаткасто овошје, леќа или соја. Количината на сирење која ја внесувате треба да биде голема колку вашата дланка.

Јадете храна која е богата со протеини, а сиромашна со масти:

– Месо без маснотии
– Риба и пилешко
– Грав и леќа
– Производи од соја
– Сирење со ниска масленост
– Јајца
– Јогурт (една мала чаша во денот)

Мастите кои се здрави за срцето и производи кои содржат омега 3:

– Авокадо
– Масло од билки, особено од репка како и маслиново и бадемово масло

Храна која е богата со проетеини и здрави масти:

– Јаткасто овошје и семки
– Риба која е богата со масти како што се лососот и скушата

Дополнително: Секаков вид на зеленчук, кој е богат со скроб како што се компирот и пченката. Зеленчукот може да се внесува во неограничени количини.

Забрането е: Леб, тестенини, ориз, секаков вид на храна која е пржена во путер, благо, овошје, алкохол, кофеински пијалоци и млеко.

5 чекори до успехот
– Јадете по три оброка во денот и три ужинки помеѓу оброците, за да постигнете стабилност на шеќерот во крвта и да ја избегнете гладта.
– Избегнувајте преголема физичка активност. Трчањето, аеробикот или вежбите со тегови заменете ги со половина час јога или прошетка.
– Легнувајте порано, Поради диетата, во првите две недели нивото на енергија значително ќе ви опадне.
– Внесувајте многу течности, задолжително по осум чаши вода во денот. Избегнувајте го кафето. Подобро заменете го со чај од билки или природен овошен сок.
– Не ја отфрлајте солта целосно, но користете ја умерено.

Фаза 2: Продолжувате со губењето на килограми и одржување на намалената тежина
– Продолжете со внесувањето на протеини и зеленчук при секој оброк.
– Во оваа фаза можете да додадете и интегрални житарици во исхраната, но не повеќе од три порции.
– Можете да јадете по едно парче интегрален леб и половина шолја ориз.
– Дозволено ви е да јадете овошје и тоа до две порции во денот. Во оваа фаза ви е дозволено и да ја зголемите физичката активност.