iMindQ Корисна апликација наменета за зголемување на продуктивност и креативност

iMindQ претставува mind mapping software алатка, која служи за креирање мисловни мапи (mind maps), концептуални мапи (concept maps), дијаграми на текови (flowcharts) и разни други видови дијаграми.

Image

Процесот на креирање на мисловни мапи, се нарекува mind mapping и е многу корисна техника за визуелизација и организација на нови идеи, справување со обемни информации, ефикасно решавање на проблеми, донесување одлуки и презентирање на концептите.

Широкораспространетата употреба на оваа техника за генерирање идеи и концептуализација, наоѓа особена примена во бизнис и едукативниот сектор, каде корисниците можат визуелно да претстават најразлични процеси или да визуелизираат разноврсни теми и поими.

Техниката помага за ефективно организирање на активности, задачи, настани, состаноци, интуитивно запишување на забелешки, креирање на план на активности, планирање на проекти, менаџирање на brainstorming сесии, тимска колаборација, комуницирање и споделување на информации меѓу соработници, полесно меморизирање на одредени теми, презентирање иновативен и уникатен начин и други.

Начинот на креирање на мисловни мапи е навистина едноставен и затоа ова е алатка која може да ја користи секој, без разлика на возраста и занимањето.

Постапката за креирање на мисловна мапа е следниов: се тргнува од една централен наслов (централна тема), која се разгранува на поднаслови (subtopics), притоа користејќи принцип на логичка поврзаност, со цел да се разгради и детализира главната тема. Со употреба на софтверот iMindQ, корисниците можат да креираат таканаречени датотеки на знаење (knowledge repository), при што алатката дозволува вметнување не само на текст, туку и на графики, фотографии, линкови до документи или веб страници, забелешки, каде што може детално да се опише даден поднаслов, корелации, граници, коментари, разни облици, бои и други елементи.

Бенефитите од користењето на ваква алатка се насочуваат кон зголемување на целокупната продуктивност, креативност и организираност, со цел постигнување на подобри резултати во работата или учењето.

Она што го нуди софтверот е флексибилен простор за креирање и приоритизација на идеи, опции за проектно планирање (Gantt дијаграми и Work Breakdown Structure дијаграми), панел за истражување, зачувување во формат на интерактивни HTML мисловни мапи и презентирање на содржината со само еден клик.

Софтверот е достапен на неколку светски јазици: англиски, германски, француски, шпански и португалски, италијански, и на повеќе платформи и оперативни системи:Windows, Mac OS X, iOS, Android и како веб верзија.