Ина Многуфина за казните во штипската болница: Ако сфатија, нешто сме постигнале!

Ина Многуфина, која беше најгласна против објавувањето на фотографиите од страна на дел од медицинскиот персонал во штипската клиничка болница, се огласи за казните кои денеска ги изрече Министерството за здравство на Република Македонија.

Еве ја нејзината реакција:

Имено, денес Министерството за здравство со еднократно намалување на платата за 30 отсто, ги казни лекарите и персоналот на гинеколошко – акушерското одделение на Клиничката болница во Штип, бидејќи го прославувале дочекот на Нова година, а потоа и на Стара Нова година со алкохол и со мафини во облик на женски полов орган.

Фотографиите на „Фејсбук“ ги поставила медицинска сестра од гинеколошко – акушерското одделение на болницата со објаснување дека „и покрај напорниот работен ден, вработените успеале и да прослават“.