Исправете ја косата на здрав и природен начин, без употреба на пегла

Ако ви досади да ја уништувате косата со пегла и фен, а сакате да имате права и прекрасна коса, вреди да пробате еден од овие третмани што поскоро.

prava_kosa

Сите се евтини, можете да ги изведувате во домашни услови, без големи подготовки, а резултатите ќе бидат позитивно зачудувачки.

1.Топло масло

За овој третман потребни ви се кокосово и маслиново масло кои ќе ги промешате. Потоа, таа машавина нанесете ја на сува коса, замотајте ја со топол пешкир и измијте ја по 45 минути. Наместо маслиново, можете да користите и бадемово масло.

2. Мед и млеко

Можете да користите и само млеко, но поделотворна е оваа комбинација. Во шишенце со спреј истурете го млекото, испрскајте ја косата и оставете го да отстои половина час пред да го измиете. Што се однесува до комбинацијата, измешајте 1 шолја млеко со 1-2 лажички мед, а за подобар ефект додадете пасирани јагоди или банана. Мешавината нанесете ја на косата, оставете ја да делува 90 минути, па темелно исплакнете.

3. Јаболков оцет

Лажица оцет измешајте со 1 шолја вода, ставете ја течноста во шише со распрскувач и нанесете на измиена, влажна коса. Оставете да делува, па исплакнете повторно.

4. Лимон и кокос

Кокосот изрендајте го, измешајте го со вода и процедете ја смесата за да го одвоите млекото. Потоа додајте го сокот од лимон и мешавината оладете ја неколку минути. На врвот на смесата ќе се создаде кремаст слој кој треба да го нанесете на косата и да ја прекриете со топол пешкир. По 1 час исплакнете.