Како да знаете дали имате недостаток на витамини и минерали?

Постојат симптоми кои ќе ви укажат дека во организмот ви недостигаат одредени витамини и минерали. Еве кои се тие.

Vibrant Produce

Слаби коски

Недостаток на витамините „A“, „Ц“, „Д“ и „К“, како и хром, цинк, магнезиум, предизвикуваат коските да бидат слаби.

Чести грчеви

Многу луѓе се жалат на грчеви во стапалата и листовите, проследени со затегнување на мускулите. Во тие случаи, многу често станува збор за недостаток на магнезиум, калциум и калиум, кои влијаат на развојот на работата на мускулите.

Оштетена и кршлива коса

Освен што за овие проблеми со косата можат да бидат заслужни временските услови, може да станува збор и за недостаток на витамините „B5“, “B6“, „B12“, биотин или хлор.

Слаб имунитет 

Силниот имунитет е важен за целокупното здравје, бидејќи им помага на организмите да се изборат против инфекциите и лесно да оздрават. Кога е ослабен имунолошкиот систем, често доаѓа до појава на болести. Слабиот имунитет може да се појави како недостаток на витамините „A“, „Ц“, „Д“, „E“, како и хром, селен, магнезиум и цинк.

Проблеми со кожата

Акни, флеки, брчки… како и други кожни проблеми кои можат да создадат непријатност, можат да настанат како резултат на недостаток на витамините „A“, „Б3“, „Б8“, „Ц“, „E“, биотин, омега 3 масни киселини, бакар, селен или цинк.

Проблеми со варење

Лошото варње можат да го предизвикаат бројни проблеми како што се констипација, дијареа или гасови. Често клучот на овие проблеми лежи во недостатокот на витамините „Б12“, „Ц“, „Д“, „E“, „K“, „Б11“, магнезиум или цинк.