Кој хороскопски знак е најтежок за врска?

Драматичен, емотивен, меланхоничен и патетичен. Овие карактеристики го одликуваат Ракот. Овој знак незнае да биде во врска без солзи.

horoskop1

Припадниците на овој знак често немаат сила да се соочаат со предизвиците кои ги носи животот, а уште помалку со болката која ја носат во себе. Кога ќе ги стигне некоја несреќа, Раковите креваат раце од се и трагично изјавуваат „Нека биде што ќе биде“.

Кога се работи за емотивна врска, тие знаат цврсто да се „фатат“ за својот партнер и по никоја цена да не се пуштаат.

Емотивниот Рак често знае да плаче, па оттука очекувајте повици полни со патетика и приказни од типот „Никогаш повеќе нема да љубам“. Ако на Раковите им дозволите да се зазборат, во еден момент ќе почнат да ги набројуваат сите случаи кога сте ги навредиле или повредиле, а според нив тоа се случувало премногу често.