Љубовен хороскоп за јануари 2016

horoskop

Овен

Со посетата на Венера во вашата куќа на љубовта, ќе ви бидат понудени многу можности во љубовниот живот. Доколку не сте во врска, можно е да почнете врска или кратка авантура со личност која во други услови не би ја ни погледнале, односно личност со која немате многу заеднички интереси. Но, кој знае? Можеби тоа и не е толку лошо.

Доколку сте во врска, кратко патување или интересна вечера може значајно да ги придвижи нештата во вашата врска. Важно е да излезете од рутината и да бидете отворени кон нови искуства кои ги нуди животот.

Бидете особено внимателни во односите кон другите луѓе на 12ти јануари.

Бик

Со влијанието на слатката Венера во вашата куќа на љубовта, потребно ви е зближување повеќе од било кога. Кратките авантури не се доволни а вас, туку сакате емотивно искуство. Затоа, јануари не е месец во кој треба да навлегувате во идеи за сексуални авантури, бидејќи тоа нема да е тоа што го сакате.

Во периодот меѓу 7 јануари и 9 мај, мошне важно е да престанете да кажувате „да“ на секоја романтична понуда. Голема е веројатноста дека ќе си поминувате добро со различни луѓе, но во текот на следните месеци, направете обид повнимателно да го избирате своето друштво.

Близнаци

Овој месец ќе размислувате и зборувате многу повеќе од вообичаено. Можни се ситуации на недоразбирања во блиските односи, а веројатно ќе се најдете во ситуации да споменувате аргументи кои припаѓаат во минатото, и кои можеби не се валидни. Доколку не сте во врска, ќе се потсетувате на поранешна љубов, а за некои претставници тоа може да придонесе и до секс поради кој ќе се каете. Затоа, користете ги советите на пријателите и бидете особено внимателни во однос на овој аспект.

За среќа, влијанието на Венера во вашата куќа на интимноста, до 23ти јануари ви помага да им покажете на луѓето како се чувствувате во однос на нив. На 8ми јануари можно е одредена средба да придонесе кон почеток или крај на врска. Доколку сретнете нова личност тој ден, можно е таквата поврзаност да има голема моќ.

Рак

Овој месец ќе размислувате многу за улогата која ја имате во врските и односите со другите луѓе. Дали се сакате себеси кога сте дел од одредена врска? Што би смениле кај себеси?

Овој прв месец од годината нуди можност за ново поврзување во рамки на постоечката врска, или пак сосема нова врска, за која сепак ќе треба да вложите многу труд.

Во текот на ово месец често ќе се чувствувате осамено, но по 23ти јануари ќе се зближите со другите луѓе и ќе ви биде полесно да направите компромиси.

Лав

Венера го затоплува секторот на вашата среќа до 23ти јануари, ставајќи ве во расположение за забава и љубов. Без оглед на тоа дали сте сами или во врска, многу динамика ќе постои во вашата забавна и романтична страна.

Веројатно ќе бидете збунети на 5ти, подготвени за авантура на 12ти и многу самоуверени на 17ти јануари. Меркур ве поставува на пиедестал на 8ми јануари.

Особено важно е да не бидете претерано критично кон другите и себеси од 8ми до 25 јануари. На 23ти јануари ве очекува емотивен пад, така што доколку не морате да изглегувате од дома, не ни морате да го правите тоа.

Девица

До 20ти јануари ќе се чувствувате инспиративно и ќе уживате во животот. Новата месечина која пристигнува на 9ти, предизвикува ново заљубување, но и личен раст. И со оглед на тоа дека месечината е во блиска корелација со интензивниот Плутон, доколку ви се допадне одредена личност во овој месец, тоа ќе има силна моќ врз вас.

Во овој месец постојано ќе ги туркате и интензивирате работите и затоа многу важно е да бидете претпазливи и побавни. Ќе размислувате често и за одредена личност што ви значи, но повторното враќање на стариот пламен не е најдобрата идеја.

Најдобрите романтични денови за вас во текот на овој месец се 13ти и 30ти јануари.

Вага

Со оглед на тоа дека Венера се наоѓа во вашата куќа на комуникацијата, погрижете се да оставите впечаток кај оние луѓе каде не сте оставиле добар прв впечаток или пак кои ви значат повеќе. Доколку поради ретроградното влијание на Меркур се чувствувате како да ви е врзан јазикот, искористете го јазикот на телото за да флертувате.

Во текот на овој месец, можете да најдете љубов во соседството. Исто така, ќе ви биде потребно и многу време за самите себеси. Вашиот знак самиот по себе става многу акцент на односите и поврзаноста со другите луѓе и затоа важно е понекогаш да обрнете внимание на поврзаноста со себеси.

Скорпија

Ова е период кога ќе се однесувате поасеривно кон другите, но и похрабро за да го постигнете тоа што го сакате. Овој период ќе бидете проактивни, ќе се борите за нештата и нема да дозволите да чекате на нив.

Особено на 18ти јануари кога сонливиот Нептун навлегува во куќата на љубовта и среќата, направете се што е потребно за да ги претворите фантазиите во реалност. Направете романтична вечера за вашата сакана личност, или пак поканете ја личноста која ви се допаѓа на состанок.

Со влијанието на Венера во периодот меѓу 1ви и 23ти јануари, ова е добар период да се посветите на вашата самодоверба. Потрудете се да направите листа на нешта што ги сакате кај себеси и имајте ги на ум во текот на целата година.

Стрелец

Венера има големо влијание на вас во текот на овој месец, зголемувајќи ја вашата топлина и љубезност. Законот на привлечноста ќе ви помогне да привлечете многу луѓе во текот на овој месец и најдобриот начин за искористување на предноста од сето ова е да се обидете да поминете време со оние кои ви се допаѓаат. Ќе бидете неодоливи и затоа не ви се потребни погрешни луѓе во таа убава приказна.

Внимавајте да не се самоповредувате и самосожалувате себеси, бидејќи тоа може да има негативно влијание на останатите месеци.

Јарец

Полната месечина која ќе настапи на 9 јануари ви нуди јасност на вашите желби : целосно завршување со минатото, моќна трансформација и храбар скок кон иднината. Ова е свеж почеток за вас, затоа прифатете ги промените кои ги носи. Во периодот меѓу 5-25 јануари, немојте да носите брзи одлуки, туку употребете го времето за размислување пред да донесете одлука. Во овој период можеби ќе повредите или навредите некого, па потоа ќе морате да се извинувате. За пример, за недоразбирањата предизвикани на 20ти и 22ри јануари, можете да ги расчистите работите на 29ти и 31ви.

Првите неколку недели од месецот ќе бидете енергични и динамични, ќе бидете шармантни и атрактивни и многу социјални. Ќе ги привлекувате луѓето околу вас и ќе бидете центар на внимание.

Водолија

Во првиот месец од годината ќе бидете фокусирани на себеси. Полната месечина поставува баланс на вашите потреби и чувства со потребите на оние околу вас, но тоа ќе се случи дури по 23ти во месецот.

Во овој месец треба да внимавате да не бидете премногу посветени на остварување на целите, можеби ќе ги запоставите односите со другите луѓе на кои сепак им е потребно вашето внимание. Многу веројатно е дека ќе се случи мала драма во односите со ваша блиска личност, а можеби и ќе се соочите со прекин на врска во која веќе постојат проблеми.

Со ретроградното влијание на Меркур во овој месец, лошото расудување може да резултира со брзи одлуки и затоа мошне важно е да ја слушате интуицијата.

Доколку сте сингл, потрудете се да излегувате почесто и најдобар начин да запознаете нова личност е преку вашите пријатели.По 23ти ви месецот, потрудете се да се ослободите од лоша љубов или личност која ви носи само негативно влијание.

Риби

Јануари е првиот месец од низата месеци кога треба да почнете да размислувате за вашите очекувања од врските. Запрашајте се дали се грижите премногу за тоа што другата личност го нуди кон вас? Дали сте нетрпеливи кога започнувате врска? Дали сте подготвени да направите неопходен компромис во име на љубовта?

Доколку сте во врска во која ви изгледа дека работите се движат пребрзо, можеби е време да ги забавите нештата и да си дадете слобода еден на друг. Пријателствата и врските можат да доживеат одредени неволји и конфликти на 7ми и 20ти јануари.

По 23ти јануари, можно е да бидете привлечени од постара личност, со авторитет над вас.