Месечен хороскоп – Февруари 2016

horoskop3

Овен

Работа – Зраците на Сонцето ќе фрлат ново светло во заработката од професијата со која се занимавате, што ќе донесе прилив на пари ако бевте вредни, а ќе има можност и да ги зголемите вашите недвижнини. Венера во Водолија зборува за изненадувачки работи на полето на финансиите, а Марс во Шкорпија ќе ви даде можност за заработка.

Љубов – Ќе потрошите доста енергија барајќи партнер за склопување договори. Со Сонцето во Стрелец, вашите љубовни односи ќе имаат авантуристички дух, а некои ќе се обидат да пронајдат нешто „од страна“, за да си го исполнат времето. Поради Венера во Јарец, на љубовен план нема да оди се` како подмачкано. Обидете се да не ги уништите постоечките односи и да се подготвите за подобри денови, со првите денови на пролетта.

Здравје – Повеќе движење и активности со избаланисрана исхрана, ќе влијаат врз вашето здравје. Внесувајте повеќе овошје и зеленчук.

 

Бик

Работа – Ова е месец на добри можности за вашата кариера. Покрај Меркур и Венера кои се во вашето поле на кариера од средината на месецот, тука е Сонцето кое ќе насочи позитивна енергија и поволни околности во ваша корист. Ако навистина верувате во себе и во вашиот вложен труд, барајте награда за напорната и пожртвуваната работа. Доколку не ви одговара работното место, сега е можноста да побарате поатрактивно и подобро работно место.

Љубов – Ако сте во брак, избегнувајте кавги во овој период. Вашиот партнер ќе биде исклучително срамежлив и непромислен, па потрудете се да не додавате масло на огнот. Ако имате паралелна врска бидете внимателни, постои можност сè да излезе на виделина. Оние кои се слободни имаат прилика да обноват некоја страсна љубовна врска.

Здравје – Вашиот најголем здравствен проблем е од психолошка природа.

 

Близнаци

Работа – Ова е месец кога доста ќе размислувате за тоа како да го реализирате она што сте го наумиле. Скоро и сигурно е дека на животен план ќе имате среќа, односно помош од сите сфери. Обидете се да извлечете поука од неуспехот, за полесно да дојдете до посакуваната цел. Вашата упорност ќе ви помогне да ги пребродите проблемите на кои сте запнале. На финансиско поле, немојте да се надевате на „лесни пари“, со оглед на тоа што Марс се наоѓа во вашата куќа на работа, во знакот на Шкорпија, па со тоа ќе се бара напор на работното место.

Љубов – На љубовен план, во првата половина на месецот морате да бидете внимателни во комуникацијата со партнерот, бидејќи лесно може да дојде до недоразбирање. Доколку сте се одлучиле да влезете во нова врска, обрнете внимание на една Водолија и не влегувајте во врска пред втората половина на месецот.

Здравје – Често пати ќе ви паѓа имунитетот и ќе бидете изложени на здравствени ризици. Стабилизирајте ја вашата психа што поскоро и здравјето ќе ви биде на завидна форма.

 

Рак

Работа – Излеговте од месец во кој преовладуваше негативна енергија. Оние кои направиле некаков договор и започнале со нова работа, во овој месец може да очекуваат солиден финансиски прилив од истиот. Сигурно ќе се изненадите од луѓето кои ќе ве поддржат овој месец. Добрите трендови од минатиот месец продолжуваат и во овој месец. На работен план ќе се искачите на повисоко ниво на успехот.

Љубов – Оној кој е во врска или во брак треба да биде подготвен на помалку флертување. На љубовен план ова е одличен месец, со оглед на тоа што Шкорпија се наоѓа во планетата Марс. Не само што љубовта постојано ќе ви биде на ум, туку и ќе имате одлични шанси да го постигнете она што сте го наумиле. Освен Шкорпии, ако сте сами, обрнете внимание и на Јарец и Водолија.

Здравје – Поради вонредните услови, што се однесува до работата која ја извршувате, кај вас се забележува доста стрес кој ви го уништува имунитетот.

 

Лав

Работа – Ве очекуваат доста позитивни случувања во јавноста, а вашите активности ќе бидат сконцентрирани на договори, па овој месец ќе се укаже можност да соработувате со една личност која ќе ви донесе одлични резултати. Ако сте имале на ум било какви склопувања на договори, вложете максимален напор да дојдете до договор кој ќе ви донесе одлична можност. Рибите и Стрелците се знаци кои можат најмногу да придонесат на вашиот финансиски просперитет, а ако склопите поволен договор, овој месец ве очекуваат доста финансиски придобивки.

Љубов – На љубовен план ве очекува облак на депресија. Како и да не ве очекува кога се наоѓа оптеретувачкиот Сатурн? Совет: доколку врската ви е во криза, едноставно уживајте и дозволете му на времето да ги доведе работите во ред. Доколку сте во брак, внимавајте на вашиот/вашата партнер/ка и обрнете повеќе внимание на важните датуми – годишнина, роденден. Малите гестови се важни за одржување на љубовта и вниманието.

Здравје – Потребна ви е детоксикација на организмот.

 

Девица

Работа – На овој план ве очекува позитивен тренд па овој месец е иделана можност да поработите на овие области. Работата и здравјето ќе ви бидат приоритет овој месец. На работно место ќе биде забележан вашито труд и ќе имате коректен пристап. Можете слободно да очекувате награда. Но таа ќе биде краткорочна или пак ќе добиете решение – сето тоа исклучиво зависи од вас и вашата вредност во изминатиот период.

Љубов – Меркур и Венера, во вашето поле на љубовта, ќе ги подобрат работите и ќе бидете под одредена доза на заштита. Ако не сте во врска, обрнете внимание на еден Стрелец, а ако сте, бидете максимално толерантни во првата половина на месецот. Доколку сте слободни, немојте да се надевате на некоја луда љубовна романса, бидејќи ве очекува прилично сушен период.

Здравје – На здравствен план ќе бидете заштитени поради Јупитер во вашиот знак.

 

Вага

Работа – Како што се случува под влијание на знакот на Вага, препораките се да се насочите кон потпишување на договор и негова реализација. Јупитер во Девица ви советува да ги преиспитате вашите работни стратегии и да размислите како да ја унапредите вашата постоечка работна позиција. Со Марс во куќата на финансии, активностите ќе ви бидат насочени кон што поголема заработка. Во тоа ќе ја имате помошта од Шкорпија и Овен. Ако имате сопствен бизнис, поголеми се шансите за добивка.

Љубов – Овој месец е одличен за нова љубов и флерт, ако тоа е вашиот избор. Обрнете внимание на Лав, Бик, Близнаци и Девица. Оние кои се во врска ќе забележат дека партнерите ќе им посветуваат повеќе внимание и време. Поради ретроградниот Меркур бидете внимателни во односите со партнерот, бидејќи наизглед безопасната ситуација може да предизвика сериозен проблем, особено ако партнерот е емотивно нестабилен. Ако сте осамени, особено внимание обрнете на Стрелец или Риба, бидејќи тие ви се астролошки најнаклонети.

Здравје – Здравјето е добро, само внесувајте повеќе овошје и зеленчук.

 

Скорпија

Работа – Сатурн во куќата на финансии како и Меркур и Венера ќе биде „оковано“ во соѕвездието Јарец, па ве предупредува порационално да ги трошите парите и заштедата. Подобра ситуација настапува во втората половина на месецот, но не претерано поволна. Ќе вложувате доста енергија и ќе ви оди одлично, меѓутоа мали се шансите трудот да ви донесе соодветна награда. Немојте да дозволите околностите да ве обесхрабрат: наградите за вреден труд, пристигнуваат порано или подоцна.

Љубов – Убави околности и случувања на семеен план, првите одлични вести за вас. Доаѓа до стабилизација во односите со членовите од вашето семејство, што е олеснувачка околност која ќе ви донесе стабилност и позитивен чекор во подобрување на комуникацијата со околината. Досегашната напнатост се намалува во вашиот дом, се враќа хармонијата. Морате да бидете доста внимателни во комуникација со партнерот, бидејќи ќе постојат несогласувања во првата половина на месецот.

Здравје – Овој месец ќе бидете насочени кон сезонска депресија и стрес.

 

Стрелец

Работа – На финансиски план ќе добиете помош од Шкорпија, Бик или Девица. Ова не е месец кога ќе можете да очекувате добра сума на пари, но ако бидете врени, парите нема да ви недостигаат. На работен план ќе бидете доста заинтересирани за резултатите од вашата работа да ги видете во реализирани пари. Јупитер во Девица и понатаму ви помага за професионална афирмација и на тоа можете да се надевате во наредниот период.

Љубов – Овој месец ви нуди одлична можност да ја подобрите комуникацијата со опкружувањте и да покажете дека сте личност на која сериозно може да смета. Човечки е да се греши, па затоа не дозволувајте отсуството на добра комуникација да ги затвори вратите онаму кадешто најмалку сакате. Со решавањето на проблемите со комуникацијата, автоматски ги решавате проблеми со комуникацијата со партнерот. Подигнете го нивото на толеранција.

Здравје – Намалете ја храната и бидете психички активни.

 

Јарец

Работа – Овој месец фрла повеќе светло и позитивни вибрации на полето на финансиите како и на уживањето во храната. Ова ќе биде одличен период да ја пополните дупката во буџетот. Обидете се да искористите максимално првите две децении бидејќи после тоа, Сонцето ќе излезе од полето на финансии. Добро би било да не позајмувате пари, особено не на оние луѓе кои велат дека ќе ги вратат за неколку дена. Најдобар начин ќе биде добро да ги засучите ракавите и да дадете се` од себе.

Љубов – Венера во Шкорпија укажува на предизвици на љубовен план. Ако сте сами, побарајте љубов кај една Шкорпија која би можеле да ја запознаете преку ваш пријател. Венера, планетата на љубовта, до средината на месецот ќе биде во вашиот знак. Ако сте осамени, обрнете внимание на Јарец и Водолија. Може да се роди одлична љубовна хемија, па можеби и нешто поголемо и долготрајно.

Здравје – Одморете се.

 

Водолија

Работа – Ова е период на афирмација па ќе придонесе на вашето его и ќе ви даде можност да направите многу работи за кои досега сте размислувале и мечтаеле. Присуството на Сонцето ви дава самодоверба и од вас бара да преземете одговорност врз себе. Парите може да ги очекувате од направените и реализираните договори. Би можело и да ве „погоди“ некое наслество но тоа не е нешто врз кое можете да имате влијание. Потрудете се во вашето опкружување да има Девица.

Љубов – На љубовен план работите се движат драстично подобро, па ако сте осамени, во втората половина на месецот ќе се запознаете со Близнаци или Девица. За сите оние кои се во долга врска или во брак, добро би било да ја спуштите топката и да престанете со кавгите и расправиите со партнерот. Имајте повеќе трпение, и започнете да уживате во убавите љубовни моменти со вашата драга личност.

Здравје – Внесувајте повеќе течности.

 

Риби

Работа – Засилување на внатрешниот потенцијал, минимизирање на стравовите и подобрување на финансиската ситуација. Ќе ви се дадат можности и брзо ќе почувствувате сила неопходна за соочување на сите проблеми и задачи. Затоа, храбро, организирано и дисциплинирано, бидејќи астрологијата ве поддржува. Ако се занимавате со приватен бизнис, ќе имате одлични финансиски можности. Шкорпии, Овновите се вашата поддршка во овој план, а ќе помогне ако сте произведувач на нешто.

Љубов – Поради три планети во позиција во вашето поле на љубовта, не можете да се надевате на поволна клима на овој план. Ситуацијата ќе биде подобра во втората половина на месецот, кога Венера ќе влезе во 12-та куќа, со што ќе ви се отвори можноста за тајна врска или афера. Ако сте осамени, обрнете внимание на значително постари или помлади од вас или пак некој Јарец.

Здравје – Одлично, единствено ви недостасува физичка активност.