Направи сама: Маска за супер волумен на вашата коса

Со редовната употреба на оваа маска, вашата коса ќе стане многу погуста, но и ќе се забрза нејзиниот раст. Маската за коса на база на какао ќе ја обнови нејзината структура, ќе и даде мекост и сјај.

Beautiful woman applying hair conditioner

Дајте и на вашата коса вистинско спа уживање:

Рецепт:

½ чаша кефир промешајте го со 1 кафена лажичка какао и 1 жолчка од јајце.

Делот од добиената смеса нанесете го на коренот и со чешлање распоредете го по целата коса. Откако смесата ќе почне да се суши, нанесете уште еден слој, па потоа повторно уште еден. Ставете најлонска кеса на косата, а над неа пешкир и почекајте 20-30 минути. Потоа измијте ја косата на вообичаен начин.

Употреба:

Маската се нанесува на сува и нечиста коса, а за да постигнете долгорочни и видливи резултати, користете ја 2-3 пати неделно во рок од 2 месеци.

Ако маската ја користите ретко, волуменот ќе биде видлив само по употребата. Доколку ја користите редовно, косата ќе има волумен во време траење од 2-3 дена.

Совет: Доколку имате светла коса и константно ја користите оваа маска, бојата може да се промени, бидејќи какаото е природна боја за потемнување на косата.