Неделен хороскоп (04.01 – 10.01.2016)

horoskop3

Овен 

ЉУБОВ: Вашата љубов и чувствата, се чини, се во благ расчекор, па можни се погрешни проценки на љубовен план. Доколку сте во кавга со партнерот, искористете ја приликата за ново зближување. Потрудете се да го направите среќно саканото лице.

РАБОТА: Свесни сте дека околностите не ви одат во прилог, но и покрај тоа, успевате благодарение на преговарачките способности. Ако планирате нова работа, не донесувајте избрзани одлуки. Бидете трпеливи и послушајте ја интуицијата.

ЗДРАВЈЕ: Нервозата ви е зголемена, а имунитетот ослабен. Одмарајте повеќе.

 

Бик 

ЉУБОВ: Не успевате на објективен начин да ги согледате несогласувањата со партнерот. Подобро е некои работи да ги премолчите отколку дијалогот да ве одведе во поголем проблем. Пречувствителни сте.

РАБОТА: Актуелните деловни случувања делуваат инспиративно на вас. Потрудете се на сите можни начини да ја подобрите вашата позиција. Сепак резултатите нема да бидат во голема мера сјајни, но понатака ќе има подобрување.

ЗДРАВЈЕ: Добро се чувствувате, движете се повеќе.

 

Близнаци 

ЉУБОВ: Задоволство и хармонија на приватен план, а тоа позитивно делува на вашиот изглед и однесувањето. Уживате во заедничките моменти со саканото лице, а се останато ви е во втор план.

РАБОТА: Ненадејните промени и новите случувања на деловната сцена ќе го пореметат вашиот секојдневен ритам. Иако собирот на планетите во полето на договорите не е најповолен, не се откажувајте од зацртаните цели. Верувате во своите способности, ќе пронајдете ефикасно решение.

ЗДРАВЈЕ: Вишокот килограми ви носи вишок проблеми.

 

Рак 

ЉУБОВ: Периодот е исклучително добар за оние кои се во врска со Лав или Овен. Ќе успеете да ги остварите вашите љубовни желби кои долго време ви лежат на срце. Потрудете се да го поправите односост со саканото лице.

РАБОТА: Се обидувате да ги промените воспоставените правила кои владеат на деловната сцена, но забележувате извесно негодување од страна на надредените. Колегите не се заинтересирани да ги подржат вашите нови идеи. Можни се проблеми и расправии.

ЗДРАВЈЕ: Започнете да се занимавате со некој спорт.

 

Лав 

ЉУБОВ: Емотивниот занес во вас буди нови идеи и желби. Новите случувања на љубовен план ќе ви донесат неизмерна радост. Не ги сокривајте чувствата. Љубовната хармонија позитивно влијае на вашата самодоверба.

РАБОТА: Напорен период за кој не се подготвивте наверемено и не сте подговени воопшто да преземете поголема одговорност, особено ако станува збор за финансии. Ќе бидете во прилика да му покажете на некој колку сте лојални и подготвени да и се посветите на работата. Одлична соработка со Риби, Шкорпија или Јарец.

ЗДРАВЈЕ: Внимавајте на стомачните вируси.

 

Девица 

ЉУБОВ: Во текот на овој период ќе успеете да ги остварите љубовните соништа, без оглед колку на прв поглед делуваат неразумно. Вашиот начин на однесување на најдобар начин ја отсликува среќата која ја чувствувате во друштво на саканото лице. Следете го вашиот внатрешен глас.

РАБОТА: Со достоинство и стил и без премногу прашања ги прифаќате критиките или коментарите кои не ви се допаѓаат. Јупитер во вашиот знак ви дава сигурност и самодоверба. Не сте подготвени за компромиси, почекајте некој поповолен период.

ЗДРАВЈЕ: Главоболката и зголемениот притисок се резултат на стресот.

 

Вага

ЉУБОВ: Честите промени на расположението создаваат дополнителна нервоза во односот со љубовниот партнер. Не сте сигурни што сакате. Премногу сте строги и немате разбирање за туѓите слабости. Не донесувате добри заклучоци бидејки избрзувате.

РАБОТА: Ве очекуваат невообичаени ситуации на деловното поле, на кои особено неповолно ќе влијаат Марс и Месечината во Вага. Обидете се да останете ладнокрвни и трезвени. Некои проблеми потребно е малку да „одлежат“ пред да им го најдете решението.

ЗДРАВЈЕ: Можни се стомачни проблеми поради зголемена нервоза.

 

Скорпија 

ЉУБОВ: Oваа година ќе биде најлесна за вас. Иако ви се случија многу убави работи, бевте приморани да се борите за секој дел од сончевата страна. Сега е време да се посветите на вашите блиски и сакани. Комуникацијата конечно ви се подобрува, па ќе бидете благодарни на самите себеси и да го превземете првиот чекор и да пристапите кон оние кои верно ве чекаат.

РАБОТА: Финансиската ситуација се подобрува, но се уште не е идеална. Со оглед на вашиот стил на живот, лесно можете и оваа недела да се најдете на раб на нервен слом. Бидете умерени! Планетите ви се наклонети кога овие прашања се на ред, но вие морате да покажете иницијатива! Слободно бидете одлучни и кажете „НЕ“ на сите околу вас кои се обидуваат да ве навлечат на несигурни бизниси, т.н. брза заработка!

ЗДРАВЈЕ: Потребно ви е повеќе одмор. Искористете ги празниците за некој час повеќе да го минете во кревет!

 

Стрелец 

ЉУБОВ: Со Меркур и одличниот однос на Сонцето и Јупитер ви доаѓа долгоочекуваниот ветер во грб, кога станува збор за љубовта. Всушност, откако Меркур конечно се врати во вашиот знак, повеќе работи нема да се свртат против вас. Сепак, бидете внимателни со „ставањето на сите јајца во кошницата“. Ако ништо друго можете да бидете многу среќни затоа што страста се движи со „сто на час“.

РАБОТА: Имате потреба од корен да промените се што е поврзано со вашата работа. Немојте сега се што сте сториле веднаш да го „фрлите низ река“ и да започнете со нови работи. За големи промени е потребно време да се да „созрее“. Покажете малку „ладна глава“ и трепение! Се ќе биде добро, но ова е недела во која големите одлуки треба да се остават за друго време.

ЗДРАВЈЕ: Oдлично!!! Внимавајте на конзумирањето на алкохол за време на празниците!

 

Јарец 

ЉУБОВ: Оваа недела Сонцето ќе си замине од вашиот знак. Повторно ќе бидете во ваш елемент. Овој пат нешто поразлично од инаку. Било да станува збор за нова фризура, изглед или потполно нова личност, ќе имате голема можност да се истакнете пред сите и да покажете дека сте во полн сјај! Немојте веднаш да очекувате пофалби, но се на се уживајте во неделата пред вас.

РАБОТА: Поради Меркур би можете да имате помали проблеми во комуникацијата со бизнис партнерите, но ништо што вашиот шарм нема да може да го надокнади. Дозволете вашите дела да говорат наместо вас и ќе бидете задоволни од резултатите. Бидете остри кон сите методи кои не се особено ефективни, новите идеи ќе почнат да доаѓаат чим ќе се ослободите од теретот на традиционалното.

ЗДРАВЈЕ: Енергијата ви е во пораст. Уживајте во секој момент. Немојте да заборавите да се одморите!

 

Водолија 

ЉУБОВ: Oва е за вас многу работен период, но тоа не значи дека нема да можете да одвоите некое време и за вашата сакана личност. Слободно дружете се со пријателите, ако сте слободни тоа би можело да отвори некои опции на кои моментално не сте сметале. Ако сте во врска, препуштете ги зборовите на емоциите кои ве преовладуваат.

РАБОТА: Со толку бизнис работи околу вас, едвај имате време да дишете. За вас како оваа недела да не е празнична. Искористете го целиот ваш шарм со цел на работа да го споделите и на другите. Немојте да се впуштате во финасиски преговори, но не поради вас, туку поради луѓето кои ќе бидат склони да ветуваат се и сешто, а подоцна нема да бидат во можност истото да го реализираат!

ЗДРАВЈЕ: Потребен ви е одмор. Искористете ги празниците за повеќе да се наспиете!

 

Риби 

ЉУБОВ: Меркур досега ви правеше големи проблеми во комуникацијата со саканата личност. Сега е поволен период во кој можете да го надополните пропуштетното и искрено да разговарате со лицата кои ви се важни. Некои ситуации ќе морате веднаш да ги решите, затоа што во Новата година би влегле сами!

РАБОТА: Треба да се посветите на завршување на започнатите работи. Овој месец премногу сте си дозволиле да лутате од едно на друго место и работа. Крај е на годината и билансите мораат да се поклопуваат! Среќа, способноста за прилагодување е на високо ниво, па ќе се снајдете во секоја ситуација и со секој соговорник!

ЗДРАВЈЕ: Нивото на стрес е прилично високо. Обидете се да се опуштите барем за време на празниците и да заборавите на работата.