Облоги од ѓумбир за топење на салото на стомакот

Како што топлите денови ни се приближуваат, така почнуваат и грижите за телото кое во зимските месеци малку сме го запуштиле.

masti_stomak

Ако сте склони на таложете маснотии околу стомакот, ви предлагаме да си направите жешки облоги кои буквално ќе ги изгорат сите наслаги.

За овој домашен третман за слабеење потребно ви е:

1 лажица свежо изрендан ѓумбир или ѓумбир во прав
Неколку кажици лосион за тело
Пластична фолија
Пешкир
Еластичен завој

Подготовка и користење:

Пешкирот натопете го во топла вода и замотајте го околу делот каде сакате да ги ставите облогите. Оставете неколку минути за порите да се рашират.

Измешајте го ѓумбирот со лосионот и намачкајте го посакуваното место со подебел слој. Потоа замотајте неколку пати со пластична фолија. Преку фолијата ставете го ластикот, односно еластичниот завој.

Оставете ги облогите да делуваат 4 часа, а ако можете да преспиете со нив, би било одлично.

Не се чудете ако на почетокот почувствувате пецкање, тоа е знак дека маската делува.

Благодарение на ѓумбирот ќе ви помогне да се ослободите од видливите маснотии по телото, но не би било лошо и да го вклучите и во исхраната ако сакате да изгубите уште неколку сантиметри во струкот.