Ослободете се од целулитот со облоги од оцет

На жените ширум светот облогите со оцет одамна им се познати со цел да се ослободат од целулитот, па затоа што се покажале како одлично решение, време е да ги пробате и вие.

cellulite skin on her legs

За овие облоги потребни ви се само 2 состојки, кои сигурно веќе ги имате дома.

  • Лосион за тело
  • Јаболков оцет

Дополнителна опрема:

  • Пешкир
  • Пластична фолија
  • Подготовка и нанесување:

Помешајте ¼ шолја лосион за тело со лажица јаболков оцет. Измешајте додека состојките не се соединат.

Следниот чекор е многу важен ако сакате ефективни резултати!

Намокрете го пешкирот со ладна вода, исцедете го, а потоа ставете го неколку минути на местото каде планирате да ги нанесете облогите. Важно е водата да е ладна, за да ги отвори порите на кожата и на тој начин ќе ви овозможи длабинско третирање на целулитот.

По неколку минути нанесете ја смесата на кожата, но не ја втривајте.

Наместо тоа, замотајте го делот со пластична фолија и оставете го да отстои 3-6 часа, зависно од тоа колку време имате на располагање.

Додека ги имате овие облоги не е препорачливо да се движите, затоа ви предлагаме третманот да го правите навечер.

Повторувајте го третманот 3 пати во неделата, а откако ќе го спроведете, добро истуширајте се и хидрирајте ја кожата.

Не ги заборавајте активностите кои ќе го зголемат ефектот и ќе ве ослободат од дупчињата на кожата.