Овен

[cbtabs][cbtab title=”Дневен”]

oven

Не ги одбивајте советите и помошта кои ви се неопходни, само затоа што сакате да се покажете како супериорни и способни се сами да решите. Ќе ви биде од голема корист личност родена во знакот на Рак или Бик. Вечер ќе ви дојдат гости. Ако ви се допаѓа личноста со која имате деловен однос, внимавајте да не ги надминете дозволените граници.

[/cbtab][cbtab title=”Месечен”]

oven

Ноември 2015

Работа – Ноември може да биде многу амбициозен месец, но, од друга страна, може да биде и напнат. Марс ќе биде во вашата куќа на кариерата, во позиција која поттикнува силна мотивација за понатамошен успех на професионален план. Доколку планиравте да инвестирате во нешто, ова е вистинскиот месец, бидејќи вашата финансиска состојба ќе биде подобра од кога било.

Љубов – Ѕвездите се чини дека нема да ви бидат наклонети овој месец кога станува збор за љубовта. Можно е да се соочите со препреки, страв и фрустрации. Оние кои се во врска, нека внимаваат, партнерот може да биде неверен. Кон крајот на месецот, оние кои не се во врска ќе ги очекува нешто ново и интересено.

Здравје – Ве очекуваат стресни периоди со многу грижи, песимизам и меланхолични моменти, затоа, бидете подготвени. Одете на рутински преглед кај лекар.

[/cbtab][cbtab title=”Годишен “]

oven

2015

Работа: Во втората половина на годината може да ја промените работата, а можеби и професијата. Професијата веќе подолго време ве притиска, се чувствувате презаситени. Исто така, ве притиска и системот кој не обезбедува соодветно задоволство во материјална и статусна смисла. Системот и понатаму е на ваш грб, па најдобро би било да избегнувате конфликти, а особено опасни периоди за тоа се: средината на март, средината на јули и почетокот на декември. Со парите ќе се возите исто како на ролеркостер, па кон крајот на март ќе имате многу да трошите.

Љубов: Сите Овнови уште од 2011 година влегоја во седумгодишен период кој им носи големи промени. Тоа не значи промена на партнерот или драми во љубовниот живот, меѓутоа факт е дека кај некои Овнови во 2015 година ќе има разни случувања – преселување, потомство, менување на навиките и односите. Потомстовото е важно за Овновите и иако во претходните неколку години не сте направиле ништо ново, оваа година може да ви донесе проширување на семејството. За здрав приватен живот важно е во меѓувреме да изградите здрав однос со вашето семејство, да им простите на вашите родители, себеси и да пронајдете заеднички јазик. Младите Овнови и понатаму ќе имаат повеќе емоционални проблеми, а постарите сега треба да започнат да се грижат за оние со кои најмногу се нервираат. Април ви донесува леснотија во односите, нови познанства и возбудувања, додека од втората половина на октомври станувате поумерени и тоа трае се` до декември.

Здравје: Синуси, глава, видот, нервите. Ова се вашите стандардни слаби точки, кои и оваа година на моменти можат да ви направат проблеми. Она што е ново оваа година се желудникот и цревата, па малку повеќе обрнете внимание. Внимавајте од чир, инфекции, бактерии, труење со храна, пијалок и слично.

[/cbtab][cbtab title=”Карактеристики”]

ovenЈАС ВОДАМ…Ова е основното мото на овој знак.

Под влијание на енергичниот и моќен Марс, Овeнот го претставува неговото его. Водството му е во крвта, најсреќен е кога е сам свој шеф, но ако веќе тоа не е можно тогаш ќе го наметнува своето мислење по секоја цена, затоа што тој е   „секогаш“  во право. Овните се страствени и еуфорични луѓе, кои сакаат се и тоа веднаш.

Љубовта за нив е слатка игра, кога еднаш ќе се одлучат, напаѓат немилосрдно. Освојуваат набрзина, техниките за заведување ним  им се непозната област, но тие со задоволство ќе ве заведуваат и ќе уживаат во тоа. Не очекувајте нежни и романтични зборови од Овенот, тие со своите единствени постапки ќе ви го кажат тоа.

Успешни се во сите работи во кои има доста активност, како што се, спортот, хирургијата,полицијата, знаат да бидат и добри глумци, пејачи.

Слаби делови на телото им се очите, главата, притисокот, склони се на повреди.

[/cbtab][/cbtabs]