Паметни трикови за модните студени денови

Ладните зимски денови не мора да ги поминете дома. Со некои мали измени во начинот на облекување, може да ви биде топло и кога температурите се близу нулата.

zima-moda

Чорапи

Зимата не е вредна за одење во тенки чорапи. Ако не сакате да смрзнете, носете хулахопки и дебели чорапи. Ако носите здолниште, облечете два пара хулахопки. Прво тенки, а потоа подебели, еднобојни или со принт по избор.

Повеќе парчиња облека

Подобро е да облечете неколку тенки парчиња облека на себе, отколку едно дебело. Во зимските денови бодито треба да биде неизоставен дел од секојдневната комбинација.

Шал

Шалот ќе го заштити вашиот врат и ќе ја спречи појавата на грип и настинка.

Капа

Во текот на зимата никогаш не излегувајте без капа од дома. Многу не сакаат капи затоа што мислат дека не им стојат убаво, но ако малку се потрудите, сигурно ќе најдете некоја капа која убаво ќе изгледа на Вас.

Џемпер

Џемперите со патент или копчиња се одличен избор за зимските денови. Лесно можете да ги облечете или соблечете доколу се движете по простории со различна температура.