Работи кои мажот ќе ги направи само доколку вистински ве сака

Некои знаци на вистинската љубов можат лесно да се забележат. Можеби се мали и незабележливи но навистина многу работи откриваат.

ljubov_vrska

Овие 12 работи ги прави само мажот кој ја сака својата партнерка:

1. Внимателно ве слуша додека ја објаснувате кавгата со колешката.

2. Ви го препушта далечинскиот управувач.

3. Ако не е со вас, никогаш не заборава да ви се јави и да ви посака добра ноќ.

4. Пред донесувањето на важни одлуки секогаш разговара со вас.

5. Кога ќе забележи дека некој друг ви приоѓа, истовремено е љубоморен, но и горд.

6. Зборува за иднината со вас.

7. Ви го препушта последното залче.

8. Го занемарува мобилниот телефон додека е со вас.

9. Кога ќе доживеете успех не се штеди да ве пофали пред пријателите и родителите.

10. Не се чувствува „загрозено“ ако заработувате повеќе од него или сте на повисока позиција.

11. Се потпира на вас за што и да му затребате.

12. Иницира гушкање кое не мора да води до секс.