Работи на кои жените не треба да обрнуваат внимание кога се во врска

Постојат навистина неважни работи во врската на кои никако не треба да им обрнувате внимание и заради нив да си ја уништувате среќата.

ljubov_vrska

Љубовта и почитувањето во врската се најважни, а другите работи се споредни и тие не треба да ве спречуваат да уживате во врската:

1. Неговата висина

Немојте веднаш да пречкртувате некого само заради тоа што не е доволно висок. Ако тој ви се допаѓа и има хемија помеѓу вас, во текот на врската ќе заборавите на висината.

2. Неговата градба

Можеби не е мускулест како вашето поранешно момче, но тоа ништо не кажува за неговиот карактер.

3. Колку заработува

Парите не ја дефинираат среќата, ниту пак можат да ви купат љубов. Најдобрите работи се бесплатни!

4. Заеднички интереси

Одлично е доколку ги сакате истите филмови, ја слушате истата музика, но тоа не е услов по кој треба да се водите. Некогаш токму спротивните интереси можат силно да ве поврзат.

5. Колку врски имал

Можеби претходно имал неколку сериозни врски, а можеби до сега и никогаш не бил во врска. Дајте му шанса, бидејќи можете да бидете изненадени.

6. Мислењето на пријателите

Секако дека сакаме пријателите да го поддржуваат нашиот избор, но на крајот од денот послушајте го вашето срце, а не нечие друго.

7. Поранешна девојка

Ако неговата поранешна девојка е атрактивра или воопшто не е, тоа за него ништо не зборува. Вие не треба да се натпреварувате со неговите поранешни девојки, бидејќи тие се минати, а вие иднина.

8. Со колку девојки бил интимен

Не дозволувајте неговото сексуално минато да направи да се чувствувате чудно затоа што тој бил со помалку или повеќе партнерки отколку вие.