Решението за масната коса се крие во само една состојка

Шампон од прашок за пециво посебно се препорачува за луѓе кои имаат проблеми со мрсна коса, бидејќи оваа состојка ја суши. Се што треба да направите за да го подговите вашиот органски шампон е да помешате половина чаша прашок за пециво со три чаши вода.

woman with a dirty hair with disgust and surprize on her face

Иако на пазарот денес постојат бројни видови на шампони наменети за сите типови на коса и скалп, се повеќе жени кои се насочуваат кон органските производи, често посегнуваат за рецепти од своите баби со цел да добијат блескава и здрава коса.

Една од најдобрите состојки за домашен шампон е прашок за пециво. Неговата најголема предност е тоа што во моментот ве ослободува од првутот и разни нечистотии кои се последица од сите хемикалии кои секојдневно ги нанесуате на косата.

Шампонот од прашок за пециво посебно се препорачува на лицата кои имаат проблем со мрсен скалп, бидејќи оваа состојка го суши. Се што треба да направите е да помешате половина чаша прашок за пециво со три чаши вода. Наведената смеса ќе ви биде доволна за неколку миења, а можете да ја чувате во пластична кутија.

Доколку сакате секој пат да подготвувате нова смеса, помешајте само една лажичка прашок за пециво и една чаша вода. Смесата пред употреба добро протресете ја и нанесете на скалпот буквално со триење како масажа.

Откако го нанесовте својот домашен шампон, исжзмијте го прашокот за пециво со половина чаша јаболков оцет. Доколку ви се чини дека мирисот на оцет е премногу јак, можете да помешате само лажица оцет и чаша вода и да ја исплакнете косата.

Можеби ќе забележите како вашата коса на почетокот малку чудно реагира на оваа комбинација прашок за пециво и оцет, но не се грижете, бидејќи се ќе дојде на свое по само неколку дена. Станува збор за тоа што вашиот комерцијален шампон, поради хемикалиите кои ги содржи, уништил еден слој од вашето теме, кој е заслужен за природни масла кои ја хранат косата.

Исто така, ако до сега секојдневно ја миевте косата, повеќе тоа немојте да го правите, сеедно дали користите природни или комерцијални шампони. Миењето на косата секој трет ќе помогне вашата коса и теме да бидат здрави.