Рибар „уловил“ во Дунав 100.000 евра

Полицијата во Виена пронашла во Дунав банкноти вредни повеќе од 100.000 евра, кои од водата за време на викендот ги извадиле пожарникарите, соопшти во понеделник полицијата.

Image44

Не е познато како парите се нашле во Дунав, ниту кој е нивен сопственик, се наведува во полициското соопштение, пренесува AP.

Портпаролот на полицијата Роман Хаслингер изјави дека во последно време не е пријавен ниту еден грабеж, ниту, пак друго злосторство што би вклучувало толку голем паричен износ.

Хаслингер наведе дека доколку сопственикот не биде пронајден, парите ќе му припаднат на човекот што ги воочил во реката, а потоа скокнал во вода да ги извади.