Што говорат подочниците за вашето здравје?

Темните круговии околу очите, отечените очни капаци осетливи на допир воопшто не изгледаат убаво што дури и најдобрата нега нема да помогне. Ова е се почест проблем кој е еднакво застапен и кај жените и кај мажите, но се разбира дека понежниот пол им обрнува поголемо внимание.

podochnici

Дали се наследни или тоа е само знак на предупредување?

Подочниците се показатели за некој проблем или дисбаланс во организмот. Тие може да бидат и првиот знак за некоја сериозна болест. Токму поради тоа треба да им обрнете внимание и да ги разликувате по облик, боја и дебелина. Некои од болестите на кои нѐ посочуваат темните кругови се проблеми со бубрезите, анемичност, последица на стрес, кардиоваскуларни болести, активно и пасивно пушење, како и прекумерно изложување на сонце.

Некои луѓе генетски ги наследуваат темните кругови од своите дедовци или баби. Можеби тоа не е доволно познато, но изборот на храната и начинот на кој ја консумирате има големо влијание на подочнаците, кои може да се задржат подолго време откако проблемот ќе се реши. Ние ќе ви ја објасниме разликата меѓу „сериозните“ и „обичните“ подочници со цел подобро да ги разликувате.

Темни или отечени?

Подочниците кои се отечени се показатели за недостаток на вода и создавање на масно ткиво во подрачјето околу очите, а ако се темни се работи за зголемен проток на крв надвор од крвните жили во ткивото каде што се разградува. Подочниците се разликуваат преку пигментираноста (интензитетот на потемнувањето на кожата), јачината на темната боја, отеченоста, но тука спаѓаат и оние подочници кои се причина за спуштање на образите поради намалување на масното ткиво. Ако темните кругови подолго време се задржуваат под очите, во период од неколку месеци и при тоа се создаваат обесени темни „вреќи“, време е да направете крвна слика. Имено, анемијата е еден од најчестата причина за појавување на подочници, особено ако е проследена со главоболки, умор, лоша концентрација, проблеми со учењето кај децата и слабо помнење.

Проверете ги бубрезите и црниот дроб

Хиперпигментираните подочници насочуваат кон проблеми со работата на бубрезите и задржувањето на вишок течности во организмот. Ако консумирате алкохол во поголеми количини, подочниците се испакнати, отечени и имаат виолетова боја. Иако немаат многу голема поврзаност со подочниците, околу очите често се појавуваат жолто-смеѓи точки, слични на акни. Во овој случај се работи за повишен холестерол и хормонални пореметувања во организмот. Исто така може и да упатуваат на озбилни проблеми со црниот дроб и тироидната жлезда.

Почнете да ги распознавате подочниците и да ги сфатите сериозно знаците кои тие ви ги покажуваат. Негувајте ги со благи кремови и не ги допирајте многу. Она што вие можете да го направите е да спиете доволно, да избегнувате пушење, па дури и пасивно, правилно и здраво да се храните без нитрати и додатна сол, лута и зачинета храна и да консумирате умерени количини алкохол.