Sky Sport: Михајловиќ ќе го напушти Милан

Синиша Михајловиќ решил по завршувањето на сезоната да го напушти Милан, пренесе Sky Sport. Ваквата одлука, српскиот тренер ја донел поради недоразбирањата со претседателот Силвио Берлускони, поточно поради неговите чести критики во јавноста и константното мешање во составувањето на тимот.

Image

Исто така, според истиот извор, Михајловиќ имал понуда од Лацио каде остави длабока трага како играч.

Михајловиќ на чело на Милан застана на почетокот на сезоната, а во моментов неговиот тим се наоѓа на шестото место во Серија А.

Михајловиќ во тренерската кариера има работено во Сампдорија, Фиорентина, Катанија, Болоња и во селекцијата на Србија.