Трикови за слабеење без напор

Веќе подолго време се обидувате да ги изгубите вишокот килограми, но никако да ви успее…

dieta_tezina

Ви нудиме 17 корисни совети и разни трикови со чија редовна употреба сигурно ќе ви обезбедат витка линија и здраво тело.

Разредете го сокот со минерална вода

Комбинирајте го омилениот сок (половина од вообичаената количина) со обична или минерална вода. Така можете да намалите дури 85 калории по секоја чаша и годишно да изгубите барем 2,3 килограми.

Проверете го составот на храната

Помисливте дека бомбоните, кексите, грицките или сокот кои штотуку ги конзумиравте содржат 200 калории, меѓутоа погледнете повторно на етикетата на производот повнимателно, ќе откриете неколку шокантни информации…

Пијте зелен чај пред излегување

Кофеинот ослободува масни киселини кои помагаат во согорувањето на вишокот маснотии. А кога полифенолите во зелениот чај се здружат со кофеинот, ефектот е уште поголем. Но, ако имате висок крвен притисок, избегнете го овој совет.

Избегнувајте ги диеталните пијалоци

Диеталните пијалоци се обична измама, затоа што моментално ги намалува калориите за подоцна вие да изедете многу повеќе.

Донесете ручек на работа од дома

Ако јадете ли на паузите од работа во ресторан или брза храна по испорака пет пати неделно или повеќе, во себе внесувате дневна доза на барем 300 калории повеќе од доволното. Ручекот кој ќе си го приготвите дома е далеку поквалитетен оброк- поздрав е и помалку ве здебелува.

Наместо путер, користете маслиново масло

На кришка леб подобро намачкајте маслиново масло отколку путер. Поздраво е и ви помага да јадете помалку. Според една студија, испитаниците кои го мачкале лебот со маслиново масло внеле 52 помалку калории од оние кои користеле путер.

Посипете во житарките ленено семе

Лененото семе е богато со растителни влакна и може многу да ви помогне да го намалите апетитот и да ги елиминира калориите. Додадете го во вашиот утрински оброк од житарки и полијте ги со јогурт, а можете да испечете здрави кекси со сусам и лен кои можете да ги јадете во секое време од денот.

Дуплирајте го конзумирањето на вода

Конзумирате ли флаширана вода, тогаш купете поголемо шише дека така ќе пиете повеќе вода.

Измамете ги сетилата

Лижењето бомбони од ментол или еукалиптус можат да ги измамат вашите сетила и така веднаш ќе ја запрат желбата за храна.

Зачинете ги оброците

Додајте во своите оброци чили, кое ќе ви помогне да не јадете многу често.

Немојте премногу да го ситните зеленчукот за салата

Наместо ситно да ги сечкате или рендате, кршете го зеленчукот на поголеми парчиња од тиквички, целер, моркови и други јадења од кои сакате да направите салата. Треба да вложите поголем напор во нивното џвакање и соодветно со тоа ако џвакате повеќе, помалку ќе јадете (безоглед колку неверојатно и да ви звучи тоа).

Повикајте ги пријателите

Моментите на осаменост скратете ги со добар разговор со пријателите, отколку да се „дружите“ со кексите и разните грицки или кутијата сладолед.

Отстранете го далечинскиот управувач

Престанете да го користите далечинскиот управувач за телевизорот, ДВД-то или радиото. Така повеќе ќе се движите и ќе согорите дополнителни 200 калории дневно.

Купувајте помали пакувања

Иако поголемите пакувања се поефтини, обидете се да ги изберете помалите пакувања од полиците на маркетите, затоа што, едно истражување открива дека така се конзумира 44 проценти помалку храна.

Купете риба

Намирниците кои се богати со омега 3 масни киселини како рибата, туната, лососот, скушата и слични, многу ќе ви помогнат во борбата со лошите маснотии. Пополните луѓе кои се дел од режим на нискокалорична диета и секојдневно конзумираат риба, изгубиле околу 20 проценти повеќе тежина од оние кои не јаделе риба.

Нагласете си мотивациони пораки

За да се мотивирате во губењето на тежината, на ударните места во домот истакнете неколку цитати и охрабрувачки пораки- на фрижидерот, ТВ екранот или компјутерот.

Пијте многу течности

Дехидрацијата може да го успори вашиот организам за 3 проценти. Тоа би значело, со 68 килограми телесна тежина околу 45 калории помалку дневно, што е вкупно вишок од 2,3 килограми годишно. Затоа, пијте повеќе течности.