Вистинска пиратска авантура на Pickbox

Тие не се „Пиратите од Карибите“, еден од нив не е Џони Деп, но нема сомнеж дека се пирати и секако дека дејствуваат на Карибите. Дружината од серијата Црни едра (Black Sails),чија прва епизода од 1.5. можете да ја гледате на Pickboxќе ве освои ако сте љубител на сериите „Викинзи“ и „Игра на тронови“, ако сакате приказни за пиратите и пиратското богатство и за брадести мажи со мечови на појасот.

Black Sails 2014

Едра и мечови

Светот на пиратите е брутален, преполн со грабежи и борби, а „Црни едра“ тој свет ќе ви го долови со сета своја валканост уште во првата епизода. Почетната сцена претставува еден пиратски брод кој напаѓа друг брод, има многу мртви, мечови и секирчиња кои летаат на сите страни, а тој што ќе преживее, подобро му е да не зборува што доживеал.

Времето во кое оперира пиратската дружина од Карибите под капетанот Флинт се случува на самиот почеток на 18 век, а дејството од легендарниот „Остров со богатство“претходи дури дваесет години. Некои ликови кои се појавуваат во серијата навистина биле злогласни пирати, некои се плод на фантазијата, а заедно во „Црни едра“ сочинуваат незаборавна комбинација.

Богатството – сон на секој пират

Баш како и во „Игра на тронови“, и во „Црни едра“ има тепачки и мечување како дел од секојдневната рутина. Сите конфликти се решаваат со насилство, а пиратите имаат една заедничка цел, да дојдат до големото богатство на еден шпански брод. Пиратската авантура, на чело со капетанот Флинт, на гледачите ќе им гарантира акција, насилство, секс, а за сѐ да не блика со тестостерон, тука има и неколку моќни жени сместени во главниот град на Бахамите. Кога ќе се истоварат во својата база во Насау, момците одат во бордели (затоа што, да бидеме реални, мажите кои поголем дел од времето живеат на море, не се материјал за сопрузи), се налеваат со познатиот карипски рум, ги полнат сорезерви своите бродови и, нормално, се тепаат.

Black Sails 2014

Не е лесно да се биде пират

За пиратите има подобри и полоши денови. А лошите денови идат кога британската морнарица ќе почне да се враќа во Карипското Море и ќе се закани со истребување на пиратството. Капетанот Флинт во нужда се здружува со убавата Еленор Гатри (Хана Њу) и тие двајцата заеднички прават план како да дојдат до најголемата награда која ќе ги реши сите нивни финансиски дилеми засекогаш. За нивна несреќа, во играта има многу непријатели и други капетани кои одвај го чекаат неуспехот на Флинт, а тука е и младиот готвач Џон Силвер, кој ги поткопува плановите на својот капетан.

Дури 4,5 милиони гледачи по епизода

Во „Црни едра“ сите злосторници се на едно место, т.е. на палубите на своите пиратски бродови и со секоја нова епизода е сѐ побурно. Ликовите го прават тоа што мислат дека е најдобро во дадениот миг. Некогаш тоа значи дека ќе убијат некого што не требале, а некогаш ќе го предадат својот сојузник, а некогаш, едноставно, ќе му се приклучат на посилниот.

Пред две сезони,секојаепизода во просек ја гледале 4,5 милиони гледачи, а серијата ја гледале во дури 173 земји на светот. Ѕвезди на серијат,а која веќе има две освоени награди „Еми“се Тоби Стивенс, кој го игра харизматичниот капетан Флинт, Лук Арнолд, самотник кој поради сплет на околности станал бродски готвач, Зак Мекгован, кој го игра капетанот Чарлс Вејн, Хана Њу како доставувачка на стоки и ќерка на најбогатиот човек на Бахамите, а тука е и Џесика Паркер Кенеди, проститутка која ќе стане мадам во бордел.

Black Sails 2014

Првата сезона на оваа суперуспешна пиратска авантура ексклузивно ја следите на Pickbox од 1.5., втората од 1.6., а третата од 1.7.