Што е потребно:
100 г ореви
100 г суви кајсии
200 г суви сливи
100 г бадеми
50 г лешници
100 мл сок од лимон
100 г суви смокви
50 г брусница
50 г аронија
3 лажици мед со прополис и со матичен млеч
Приготвување: сувото овошје се сечка, јаткастите плодови се мелат, а ѓумбирот се ренда. Сите состојки се пасираат со стапчест миксер. Сирупот се собира во тегли и се остава да постои неколку дена. Можат да го консумираат и деца постари од 2 години, по една мала лажичка на ден. Поголеми деца и возрасни можат да земаат по 1 голема лажица сируп на ден.