Зошто не е лесно да си Водолија?

Повеќето луѓе најчесто ги опишуваат Водолиите како нескротливи деца со слободен дух. Секако, ова звучи подобро отколку тврдоглавите Бикови или заштитнички настроените Скорпии, но велат дека воопшто не е лесно да си Водолија.

vodolija

Често, Водолиите се исмевани, незабележани или смешни поради креативните умови и бујната фантазија. Емоционално исцрпувачки и обесхрабрувачки е тоа што луѓето секогаш го осудуваат начинот на живот на Водолиите.

Во продолжение прочитајте ги 8-те најважни причини зошто никој не ги разбира Водолиите.

1. Водолиите не се зближуваат

Секој знае дека Водолиите се озогласени поради тоа што се емоционално недопирливи. Тие се многу затворени сè додека не почувствуваат дека дошла вистинската личност за нив. Но, тоа не го прават намерно. Само што, толку многу ја ценат лудоста на нивните срца и умови, што не можат да ја споделат со кого било. Тие имаат потреба да сакаат, но едноставно не можат. А ако можат, тогаш…

2. Водолиите сакаат силно

Кога Водолијата конечно ќе дозволи да ѝ пријдете, тогаш бидете мудри. Сѐ или ништо. Водолиите не сакаат многу игри и не сакаат вообичаени врски. Ако најдат личност за која веруваат дека е вредна со неа да ја споделат својата душа, тогаш сигурно ќе дадат сѐ од себе. Ова не звучи воопшто лошо сѐ додека не бидат повредени. Кога некој ќе го скрши срцето на Водолијата, тогаш следува катастрофа. Повторно се затвораат во себе, а овој пат ѕидот околу нив е подебел.

3. Немаат проблем да сонуваат

Безброј пати им велат дека нивните соништа се нереални и ги повикуваат да се вратат на Земјата. Но, зошто? Водолиите никогаш нема да разберат зошто е лошо да се сонува. Тие сакаат да патуваат во Прага, да го менуваат светот, да ги спасат шумите и да ја вратат вербата во човештвото. Па, тогаш зошто да не сонуваат? Тие не се глупави што посакуваат нереални нешта. Тие само имаат повеќе надеж од другите.

4. Водолиите не седат мирно

Водолиите се секогаш во движење, секогаш брзаат некаде и секогаш се спремни за некоја следна авантура. Некогаш знаат да уживаат со чаша вино и релаксација во петок навечер, но не секој петок. Водолиите го разбираат светот различно од сите. Тие веруваат дека светот е убав и за нив, секој ден кога нема да уживаат во таа убавина е залудно потрошен ден.

5. Водолиите сакаат мали нешта

Водолиите се оние луѓе од друштвото кои застануваат да направат фотографија од убаво дрво. Природата е убава, исто како и животот. Водолиите можеби се интровертни хипици, но во тоа нема ништо лошо. Според нив, ако секој човек некогаш застане да помириса убава роза покрај патот, светот ќе биде поубаво место за живеење.

6. Водолиите се лесно ранливи

Без разлика дали се работи за загуба на некоја драга личност, или само се чувствуваат несреќно, на нив негативните настани им влијаат многу посилно затоа што на различен начин се поврзани со својата душа. Водолиите живеат позитивно, па затоа лесно се исфрлаат од колосек кога ќе се појави нешто негативно.

7. Водолиите не знаат да ги сокријат своите чувства

Тоа значи дека кога чувствуваат нешто, тоа лесно се забележува. Водолиите не можат да се преправаат и да се смеат кога нешто не е во ред. Тие не бараат сожалување или внимание, тие само сакаат да се чувствуваат подобро. Некогаш ни самите не се свесни дека нешто не е во ред, сè додека некој не им каже дека изгледаат вознемирено.

8. Водолиите се контрадикторни

Водолиите знаат силно да сакаат, но се мошне нечувствителни. Тие многу сонуваат, а кога нешто ќе им го привлече вниманието, го сакаат токму тоа. Обидете се да ги разберете такви какви што се. Ако не можете, тогаш не го расипувајте нивното кревко расположение.

СТОП! ИМАМЕ УШТЕ ИНТЕРЕСНИ СОДРЖИНИ ЗА ВАС: