АБА Лига: МЗТ падна кај Цибона во второто полувреме

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром доживеаја пораз на гостувањето кај некогашниот европски првак Цибона во Загреб со 62-68 (21-15, 18-16, 12-20, 11-17) во саботата вечерта во рамките на 20-то коло од регионалната АБА Лига.

Image
И за МЗТ и за Цибона ова беше важен натпревар од кој зависеше дали екипите ќе се одлепат од екипите кои клонат кон долниот дел од табелата, а скопјани иако го завршија полувремето со позитива од осум поени (39-31) им дозволија на домашните кошаркари во второто полувреме да направат пресврт.

По сигурните први две четвртини, играчите на МЗТ Аеродром дозволија нивните шутери од поле да бидат лимитирани, и веќе во третата четвртина Цибона да го надомести заостанувањето. Во четвртата, пак, одиграа најслабо со само две поентирања од игра, од вкупното 11-те поени, така што Цибона го доби вториот дел од мечот со14 разлика (37-23).

Американецот кај Цибона, Џејмс Флоренс со 18 кошеви беше најдобриот стрелец и најзаслужниот за победата на загрепчаните, а на тоа се надоврза Анте Жижиќ со 11 кошеви и 11 скокови, додека кај МЗТ предводеа Стојановски и Дреновац со по 14 поени.

Со овој пораз МЗТ е во негатива во меѓусебните дуели со Цибона, бидејќи со половина кош ја доби драмата кон крајот на октомври во Скопје, доколку тоа одлучува за распоредот на крајот од регуларниот дел од лигата, бидејќи и покрај тоа што двете екипи се на 5-то односно 6-то место, сите клубови до крајот на табелата се борат за избегнување на последните позиции.