Абрамович го потврдил доаѓањето на Конте

Сопственикот на Челзи, Роман Абрамович, потврдил дека наредната сезона менаџер на тимот ќе биде Италијанецот, Антонио Конте.

Image

Изминатите недели медиумите шпекулираа дека италијанскиот селектор ќе пристигне на „Стенфорд Бриџ“, откако договорил тригодишна соработка.

„Потпишав договор со Антонио Конте. Хидинк сигурно ќе си замине, иако заврши одлична работа“, рекол Абрамович.

Хидинк, во декември, го замени Жозе Мурињо и тимот кој се наоѓаше во долниот дел од табелата го врати во борба за пласман во европските купови.

Конте, кој е поранешен тренер на Јувентус, пред да застане на чело на Челзи, ќе ја предводи италијанската репрезентација на Европското првенство.