Автомобил бомба усмрти најмалку 30 луѓе во Багдад

Најмалку 30 лица загинаа, а повеќе од 60 се повредени во експлозија на автомобил бомба во шиитски кварт во Багдад. Според полициски извори неколкумина од повредените се наоѓаат во критична состојба.

Image (11)

Нападот, за кој сеуште никој не ја презел одговорноста , се случил во квартот Садр сити, населен со шиити. Ирачката полиција соопшти дека од силината на експлозијата оштетувања претрпеле околните згради.

Јавните места во деловите на Багдад, кои претежно се населени со шиити се честа мета на сунитските екстремисти.

макфакс